Барса славеше во Ел Класико, автогол му пресуди на непрепознатливиот Реал

Фудбалерите на Барселона го победија Реал во првиот полуфинален натпревар од Купот на кралот на стадионот Сантијаго Бернабеу со резултат 1:0 и со тоа стекнаа солидна предност во пресрет на реваншот што ќе се игра на „Камп Ноу“ следниот месец.

Реал веднаш се закани уште во првата минута преку Модриќ, а во 12. Бензема успеа да постигне гол по асистенција на Винисиус, но голот оправдано беше поништен поради офсајд.

Во првите 20 минути видовме многу малку од Барселона, а потоа по речиси половина час игра успеаја да поведат. Кесие шутираше, Куртоа одбрани, а топката од Милитао влезе во голот. Прво беше означен офсајд за Кесие, но по прегледот на ВАР, одлуката беше сменета. До крајот на првото полувреме немаше повеќе големи возбудувања, па првото полувреме заврши со водство на Барселона од 1:0.

Реал доминираше во вториот дел, имаше голем број на опасни напади, но за разлика од претходните изданија, никогаш не успеа да дојде до чисти шанси за гол.

Од друга страна, Барселона се концентрираше на контранапади, па можеше да го удвои водството во 72. минута. Торес одигра заден пас за Кесие чиј шут беше одбиен од неговиот соиграч Фати.

До крајот на мечот Реал се обидуваше да израмни, но синоќа едноставно не им одеше. Тоа го поткрепува и фактот дека не упатија ниту еден удар во рамката од голот, со што Барселона поведе во овој двомеч од Купот на кралот.

URL

Реваншот меѓу Барселона и Реал ќе се игра на Камп Ноу на 5 април, а овие два ривали во меѓувреме ќе ги одмерат силите и во Ла Лига. Таа средба е закажана за 19 март.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе