ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Бекам станa амбасадор на СП во Катар, ќе заработи 150 милиони фунти

Поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам постигна договор според кој ќе стане амбасадор на Светското првенство во Катар, но ќе работи и на промоција на земјата во следните десет години.

Бекам на почетокот на овој месец беше во Катар, ги разгледа и ги посети стадионите на кои ќе се игра Светското првенство следната година. Популарниот Бекс ќе има официјална улога, а следниот месец и официјално ќе стане амбасадор задолжен за промоција на туризмот и културата во Катар.

На 46-годишниот Бекам му било кажано дека знамињата со боите на виножитото ќе бидат дозволени на Светското првенство, иако тоа е земја која е критикувана за кршење на човековите права, особено против хомосексуалците.

„Дејвид отсекогаш велел дека фудбалот има моќ да донесе добро на многу нивоа. Тој ќе се приклучи на пошироката фудбалска заедница, која ќе се обедини за Светското првенство во 2022 година и тој се радува на турнир за кој верува дека ќе биде одличен“, изјави портпаролката на Бекам.

Неговиот однос со Катар не е ништо ново, бидејќи претходно играше за ПСЖ. Договорот за улогата на амбасадор е веројатно резултат на пријателството на Давид со катарскиот претседател на ПСЖ, Насер Ал-Хелајфи.

Овој договор на Бекам ќе му донесе 150 милиони фунти.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе