Бектеши: Освен за угостителските објекти, засега не се планираат други рестриктивни мерки

Владата утре ќе расправа и најверојатно ќе донесе одлука за ограничување на работењето на угостителските објекти до 21 часот, а за други рестриктивни мерки не се размислува во моментов, порача вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

-Не се размислува за затворање на одредени сектори во стопанството, вклучувајќи го тука и угостителството. Комисијата за заразни болести секојдневно ги следи случувањата и ја следи епидемиолошката карта во државата и согласно нивните анализи ако треба ќе поднесат и други предлози. Во овој момент е важно сите да придонесеме за почитување на мерките, носење на маски, хигиена на рацете и одржување физичка дистанца со цел да се намалат бројките на заразени и починати од COVID-19, рече Бектеши во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Тој нагласи дека податоците што ги имаат епидемиолозите покажуваат дека најголем број од заразените се од организирањето на забави во угостителските објекти, приватни куќи и вили.

-Сега тоа нема да биде дозволено. Веќе донесовме нов закон со кој се преземаат мерки за целосно да се почитуваат протоколите усвоени од Комисијата за заразни болести и утврдени од Владата, рече Бектеши и додаде дека во текот на следната година ќе се зајакнат капацитетите на Државниот пазарен инспекторат и на другите инспекторати во државата.

Тој не ја исклучи можноста Владата покрај најновиот пакет мерки вреден 470 милиони евра да донесе и петти и шести пакет антикризни економски мерки доколку се влоши состојбата со коронавирусот. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе