Белгија: Нови докази во скандалот со наместените фудбалски натпревари

Белгиските весници откриваат нови елементи од истрагата за наместените фудбалски натпревари во Белгија, во кои се вмешани српски и македонски граѓани.

Новинарите откриваат детали од прислушувани телефонски разговори на агентот Дејан Вељковиќ со двајца судии, Барт Вертентен и Себастиен Делфериер. Од разговорите излегува дека Вељковиќ ги корумпирал судиите, пишуваат весниците денеска.

Неколку дена пред натпреварот помеѓу Антверп и Еупен, Вељковиќ телефонски му порачува на судијата Вертентен дека „најважното е Антверп да победи“. Според новинарите, на тој натпревар судијата свирнал „непостоечки“ пенал, по што, според прислушуваните разговори, Вељковиќ им се пофалил телефонски за овој потег на Тјери Стеманс и играчот Матс Ритс.

За време на друг натпревар, против Шарлероа, повторно Вељковиќ во телефонски разговор со Стеманс вели дека „Вертентен добро разбра што треба да прави“.

Од разговорите не може да се дознае колкав надомест добил судијата, пишуваат весниците, но „јасно е дека двајцата се многу блиски“.

Во разговор во февруари годинава, Вељковиќ исто така му се пофалил на тренерот на Бриж, Иван Леко, дека „Вертентен е под контрола“.

Што се однесува до другиот судија, Делфериер, разговорите откриваат дека тој му ветил на Вељковиќ дека нема да суспендира еден од неговите играчи, Софиан Хани, иако тој требало да биде санкциониран поради напад во натпревар против Стандард.

Префрлени се 10.000 евра на сметката на судијата, но Вељковиќ тврди дека станува збор за заем. Сепак, разговорите откриваат дека тоа всушност било „подарок“ за фудбалската школа на Делфериер.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе