Серијата 3 на BMW е можеби најпознатата спортска лимузина денес.
Може да го мразите или сакате баварскиот бренд, но сите ќе признаат дека Серија 3 е одлична спортска лимузина и не мора да биде во врвното издание како М3. Британскиот Carwow затоа одлучи да ја спореди понудата која навистина вклучува нешто за секого.
Првиот на линијата е M340d, кој се придвижува од линиски шестцилиндарски, а по Stage 1тјунингот, вреден само 1000 британски фунти, произведува дури 430 КС и 850 Nm. Погонот е на сите тркала, а менувачот е осумстепен автоматски. Тежи импресивни 1945 килограми.
Втор по ред е M340i, чиј 3.0-литарски мотор сега произведува 470 КС и 630 Nm. Погонот и менувачот се во основа исти, а тежината е 1758 кг.
Тука е и 330e, plug-in хибрид придвижуван од 2.0 бензински мотор и електричен мотор. Има 400 КС и 700 Nm. Овде погонот е заден, а масата е одлични 1740 кг.
Најевтиниот е хибридот со нешто повеќе од 48.200 британски фунти, бензинецот од 57.800 фунти и дизелот од 61.200 фунти, се разбира сите со вклучен тјунинг. Погледнете го видеото и одберете го вашиот фаворит.