Вљубениците во BMW и сите други љубители на автомобили дефинитивно ќе ѝ се восхитуваат на креацијата на Французинот Пол Лефевр.

Станува збор за BMW 1602, уникатно ремек дело кое претставува комбинација од класичен дизајн и техники за обликување на даска за сурфање.
Лефевр се преселил од Нормандија во Калифорнија за да прави даски за сурфање. Сопственик е на Son of Cobra, компанија за дизајнирање даски за сурфање со седиште во Коста Меса.

Сепак, зад себе има и неверојатен проект, а тоа е автомобил изграден на шасијата на класичниот модел BMW 1602 од 1969 година. Автомобилот добил каросерија од јаглеродни влакна која била рачно обликувана до совршенство, користејќи ја истата пена што се користи за даски за сурфање. Резултатот е автомобил кој не само што е лесен, туку има и импресивен, уникатен дизајн.
Модниот и најуникатниот аспект на овој проект за ресто-модификација е количината на јаглерод што е искористена, бидејќи покривот, хаубата, вратите на автомобилот, предните и задните панели, па дури и контролната табла се направени од овој материјал. Сепак, Лефевр не се одлучил за изложен јаглерод бидејќи сметал дека не одговара на класичниот автомобил.
Под хаубата е 2,3-литарски BMW S14 мотор, единица со високи перформанси првично развиена за BMW M3. Лефевр рече дека моторот испорачува 210 КС и е поврзан со рачен менувач.

Внатрешноста е импресивна како и надворешноста, едноставна, суптилна и полна со „вкусно“ дизајнирани елементи. Освен јаглерод, за вратите се користени и други лесни материјали. Фокусот бил ставен на намалување на тежината на автомобилот, а резултатот е вкупно 816 килограми.