BMW го прекинува производството на еден луксузен модел

BMW и официјално потврди дека го прекина производството на модел кој не успеа да се наметне на пазарот.

Со доаѓањето на новата Серија 5, прашање на време беше кога BMW ќе реши да го прекине производството на овој модел со малку несмасно име.

BMW Серија 6 GT пристигна како наследник на серијата 5 GT од која визуелно не се разликуваше премногу. Со цел дополнително да ги збуни фановите, BMW во исто време ја исклучи „старата“ Серија 6, вклучувајќи го и многу атрактивниот Gran Coupe.

Ако се вратиме на серијата 6 GT, да речеме дека моделот беше претставен во 2017 година, а беше доживеан како liftback верзија на Серија 5. Бидејќи G30 Серија 5 е пензиониран, истата судбина сега го очекува и овој модел (G32), а веста за Motor1 ја потврди и Лиана Друс, портпаролка на BMW задолжена за Сериите 5 и 6.

„Како што знаете, улогата на поранешните модели на BMW Серија 6 Coupé, Cabrio и Gran Coupé сега ја исполнуваат соодветните BMW Серија 8. BMW Серија 6 GT (G32) беше последниот преостанат модел од серијата 6 и тесно поврзан со Серија 5 (G30/G31).

За време на лансирањето на новата Серија 5 оваа година, BMW Серија 6 GT ќе биде укината. Нејзиното производство сега е завршено. Сепак, некои возила сè уште се комерцијално достапни. За фановите, време е да побрзаме...“, рече таа.

Со оглед на минатото искуство, не веруваме дека ќе има голем интерес за последните примероци, освен можеби во индустриите каде што овој модел беше популарен за шатл транспорт. На пример, само 509 единици беа продадени во Германија во 2022 година.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Авто новости

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more
 

Автомобили

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе