Борбата за водниот свет започнува во новиот трејлер за „Aquaman“
Филмскиот универзум на DC Comics годинава ќе биде проширен со уште еден нов филм, овојпат за заштитникот на водниот свет – Aquaman. Новиот трејлер, значително подолг од претходниот, открива многу повеќе за светот на Артур Кари, но и за неговата мотивација за заштита на неговото семејство, гордоста и океанот.
Покрај Џејсон Момоа, кој го толкува ликот на Aquaman, во филмот се појавуваат уште и холивудските ѕвезди Никол Кидман и Патрик Вилсон, а на режисерското столче седи Џејмс Ван, креаторот на култната франшиза „Fast and Furious“.
Премиерата на „Aquaman“ е закажана за 21 декември оваа година.