Борељ ги повика медиумите да не ги објавуваат наводните нон-пејпери

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жузеп Борељ, уште еднаш ги демантираше наводите од низата нон-пејпери и побара фокус на поважни теми, јави дописничката на МИА до Брисел.

Борељ денеска, два дена по Александар Вучиќ, одржа прес-конференција со косовскиот премиер, Албин Курти, на која повторно се поставија прашањата за бројните наводни нон-пејпери што циркулираат последниот период и кои предвидуваат прекројување на границите на Западен Балкан.

– Има пролиферација на нон-пејпери, во мода е, се чини дека е ако немате нон-пејпер не се никој, рече Борељ на шега, пред да се префрли на посериозен коментар додавајќи дека не видел ниту еден од овие нон-пејпери и дека нема намера да работи врз основа на такви документи.

Тој потсети дека неодамна излезе уште еден нон-пејпер во медиумите во кои наводно учествувал негов близок соработник од Службата за надворешна политика на ЕУ. Борељ остро ја демантираше оваа информација.

– Морам да го демaнтирам ова на најостар начин и да ги замолам медиумите да не ги објавуваат, рече шефот на ЕУ дипломатијата и повика на конструктивност.

Косовскиот премиер Курти порача дека најдобар одговор на овие нон-пејпери е да не се коментира и овие документи ги спореди со сценарија од лоша научна фантастика.

Борељ и Курти денеска се сретнаа откако првиот човек на европската дипломатија предизвика тензии со Приштина во понеделникот кога ја најави следната рунда преговори помеѓу Белград и Приштина за 11 мај без претходно да побара потврда од косовските власти.

Курти изјави дека следната рунда ќе се одржи во јуни и дека тој има домашни политички обврски пред тоа.

Во првата половина на мај во Брисел ќе се одржи состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан.

– Не го запоставуваме дијалогот и јас ќе се вратам во мај за вечерата со лидерите од Западен Балкан. Со нетрпение ги очекувам следните средби од новото поглавје на дијалогот, можете да сметате на мојата добра волја за директни контакти, му порача Курти на Борељ. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе