Борељ: Хамас ги користи болниците како жив штит, Израел да се воздржи

Макфакс
/ 13.11.2023 / 08:26

Европската Унија го осуди користењето на болниците и цивилите од страна на Хамас како жив штит во Појасот Газа, повикувајќи го Израел да спроведе најголема можна воздржаност за да ги заштити цивилите во тековната војна.

„ЕУ го осудува користењето на болниците и цивилите од страна на Хамас како жив штит и е исклучително загрижена поради влошувањето на хуманитарната криза во Газа“, изјави шефот на европската дипломатија, Жузеп Борељ.

„Војничките дејствија имаат сериозни последици за болниците и сериозно ги погодуваат цивилите и медицинскиот персонал“, предупреди тој, посочувајќи дека според меѓународното хуманитарно право – болниците, медицинската опрема и цивилите во болниците мора да бидат заштитени“.

„Покрај тоа, болниците мора веднаш да бидат снабдени со најнеопходната медицинска опрема, а пациентите на кои им е потребна итна медицинска помош мора да бидат евакуирани во безбедни услови. Во оваа смисла, го повикуваме Израел да покаже најголема можна воздржаност за да се обезбеди заштита на цивили“, додаде тој. Повикот беше упатен додека беснеат борби околу болницата Ал Шифа, најголемата во Појасот Газа.

Заменик-министерот за здравство во владата на Хамас претходно изјави за AFP дека зградата за кардиологија во таа болница била целосно уништена во израелски воздушен напад. Израелската армија сè уште не го коментираше извештајот, а AFP не можеше да го потврди бомбардирањето, но барем еден сведок од болницата ги потврди нападите и штетата.

Израел негира дека намерно цели болници. Го обвинува Хамас дека ги користи овие згради и тунели под нив како скривалиште, што исламистичката милитантна група го негира. Во изјавата на Борељ се повторува ставот на Брисел дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното и хуманитарното право.

Но, ЕУ се придружува на повиците за прекин на огнот во конфликтот и воспоставување хуманитарни коридори во Појасот Газа што е можно поскоро. Освен тоа, го повикува Хамас да ослободи повеќе од 240 заложници земени за време на неговиот напад на 7 октомври и нагласува дека е исклучително важно Меѓународниот комитет на Црвениот крст да има пристап до заложниците.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе