Само палестинската управа (ПА) може да управува со Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жузеп Борељ.
„Хамас повеќе не може да ја контролира Газа“, рече Борељ на годишната конференција за надворешна и безбедносна политика во Бахреин.
„Значи, кој ќе ја контролира Газа? Мислам дека само палестинските власти би можеле да го направат тоа“, рече тој.
Борељ во петокот рече дека актуелната војна меѓу Израел и екстремното палестинско движење Хамас во Појасот Газа е „резултат на колективен политички и морален неуспех“.