Божиновски ја претстави новата колекција на часовници и накит од Calvin Klein

На ексклузивна презентација во петок на 27 мај во Јавна соба (Public Room) беа претставени сите колекции на Calvin Klein за 2016 година. На уникатната презентација која ја организираа Божиновски и Calvin Klein присуствуваа само претставници на медиумите.

Во минималистички уредениот простор, во духот на Calvin Klein, беа изложени софистицираните парчиња накит и часовници на овој бренд. За време на презентацијата имавме можност за прв пат, покрај колекциите што се веќе достапни во продажба, да ги погледнеме и почувствуваме колекциите кои допрва треба да се најдат во продажба.

Најголема инспирација за колекциите се модернизмот, чистите линии и неоминимализмот.  Преку својот накит и часовници, Calvin Klein нѐ носи кон природните и основни форми кои го носат исконскиот дух на брендот.

„Новата кампања на Calvin Klein нѐ повикува сите да го славиме животот сега. Бидејќи минатотото е во нашите сеќавања, иднината е во нашите планови, само сегашноста е реална. Животот е сега. Споделете ја вашата минута!“ – изјави Ана Божиновска, менаџер за бренд на компанијата Божиновски. 

Од Божиновски истакнаа дека Calvin Klein не заостануваат зад трендот на лого-манијата и како must-have ја посочија колекцијата Calvin Klein Color – спој на минималистички дизајн, големо лого и неонски бои. Совршен избор за летната сезона. 

Calvin Klein е еден од ретките амбасадори на швајцарските часовници во светот на модата. Со спојувањето на талентите од Calvin Klein  и Swatch Групација во 1997 година, се создаде часовникот-накит кој дефинираше нов сегмент во индустријата.

Чистите минималистички линии и софистицираните дизајни ги прават Calvin Klein часовниците и накитот незаборавни, уникатни и впечатливи.

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе