Британски експерт откри која храна за појадок е клучот за слабеење

Ф.З.
/ 06.02.2024 / 12:20

Британскиот експерт за слабеење д-р Мајкл Мозли го сподели својот совет за оние кои сакаат „брзо“ да ослабат.

Тој предлага да следите брза диета која вклучува внесување само 800 калории дневно, со јајца за појадок.

Говорејќи за BBC Breakfast, д-р Мозли објасни: „Ова е фазен процес - првата фаза е брзо губење на тежината со 800 калории дневно. Ја следите диетата најмалку две до три недели, а некои луѓе продолжуваат да ја следат и до 12 недели“.

Мозли се осврна на студиите кои го поддржуваат неговиот план за исхрана: „Една студија на северот на Англија за диета која вклучува јадење 800 калории дневно до 12 недели, истакна просечно губење на тежината од околу 14 килограми. Имаше уште една студија направена од Оксфорд и изгубиле 10 килограми за една година“.

Експертот објасни дека една храна е најдобар избор за слабеење: „За појадок јадам јајца и аспарагус – книгата има голем број рецепти, но јас сум голем љубител на јајца, јајцата ќе ве заситат“.

„Можете да јадете пржени јајца, варени јајца, што сакате. Понекогаш јадам јајца со шунка или малку лосос. Се плашам дека нема тост, но затоа има многу чај и кафе, многу течности. Ги охрабрувам сите што следат нискокалорична диета да пиете многу течности - затоа што ќе се исушите“, објасни тој.

Додека јајцата за појадок ви помагаат да изгубите тежина, докторот предупреди дека луѓето кои внимаваат на нивната тежина треба да внимаваат какво месо јадат, со посебен акцент на преработеното месо кое треба да се консумира умерено.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе