Бројот на Кинезите падна за првпат од 1961 година

Бројот на Кинези минатата година падна за првпат од 1961 година, што е историска пресвртница која го означува почетокот на, најверојатно, долгиот период на опаѓање на кинеското население што би можело да ја направи Индија да стане најнаселена земја во светот во 2023 година.

На крајот на 2022 година, Кина имала 1,41175 милијарди жители во споредба со 1,41260 милијарди една година порано, соопшти Државниот завод за статистика.

Стапката на наталитет беше 6,77 новороденчиња на 1.000 луѓе, што е намалување од 7,52 во 2021 година. Ова е најниската стапка на наталитет досега. Кина, исто така, имаше највисока стапка на смртност од 1976 година - 7,37 смртни случаи на 1.000 луѓе, од 7,18 во 2021 година.

На долг рок, експертите на ОН предвидуваат дека бројот на Кинезите ќе се намали за 109 милиони до 2050 година, што е тројно повеќе од прогнозата во 2019 година.

Демографскиот пад во голема мера е резултат на кинеската политика на едно дете од 1980 до 2015 година, како и на огромниот трошок за образование, поради што многу Кинези имаат само едно или ниту едно дете. Домашните демографи веруваат дека Кина ќе старее пред да се збогати, што ќе доведе до забавување на економијата поради падот на приходите и зголемување на јавниот долг поради зголемените трошоци за грижа за постарите граѓани.

Строгите мерки против COVID-19 кои важеа три години, а потоа и наглото опуштање што ги наполни болниците дополнително придонесоа за демографскиот пад, велат експертите.

Иако локалните власти воведоа мерки во 2021 година за да ги охрабрат луѓето да имаат повеќе деца, вклучувајќи даночни олеснувања, подолго породилно отсуство и субвенции за домување, овие мерки не се очекува да го променат трендот на долг рок.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе