Бугарија ја укинува таксата на руски гас во замена за влез во шенген зоната

Отпаѓа таксата за транзит на рускиот гас низ Бугарија, која Софија ја воведе на 13 октомври годинава и која пред почетокот на грејната сезона предизвика загриженост од зголемување на цените, а реагираа Македонија, Србија и Унгарија.

Bloomberg во извештајот за изненадното паѓање на бугарската такса потсетува и дека унгарските власти нејзиното воведување го нарекоа „непријателски чекор“ и повикаа на постапка на ЕУ за одлуката.

До пресврт дојде поради желбата на Софија да се приклучи на шенген зоната, а по заканата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со евентуално вето за влезот на Бугарија во шенген.

„Во моментов ја одложуваме имплементацијата. Работиме заедно со Европската комисија и кога ЕК ќе ни даде целосен механизам, тогаш ќе го примениме повторно, ако успееме да најдеме таков механизам. Ќе го следиме заедничкиот европски пристап. Оваа такса не треба да биде еднострана од страна од Бугарија. Треба да се работи со ЕК, така што заедно со сите европски земји тој вид на такси може да бидат наметнати, на начин на кој ќе имаат реален ефект и врз економијата на Руската Федерација“, изјави Кирил Петков, копретседател на владејачката Продолжуваме со промените, по разговорот со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пренесе Deutsche Welle.

Од изјавата на Борисов станува јасно дека отпаѓањето на таксата е мерка на претпазливост, со цел таа да не биде евентуална сопка на патот на Бугарија кон шенген.

„Бидејќи сме доста, доста блиску до шенген, и секакви варијанти тоа на некаков начин да нѐ сопне во последен момент, како што е оваа такса, јас и колегите решивме вака да пристапиме – да го примениме правилниот т.н. европски пристап. Тоа ќе ги успокои државите и добрососедството, кое отсекогаш било во нашите главни прерогативи, и ќе продолжи да биде така. И двајцата (со Петков, н.з.) сме категорични, како и нашите партии, дека мора да имаме и јасен датум за копнениот шенген, што најмногу влијае на нашиот транспортен бизнис, економијата и сѐ останато“, изјавил Борисов, пренесе Deutsche Welle.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе