Буш: Путин ја започна бруталната инвазија на Ирак, мислам на Украина

Б.С.Б.
/ 19.05.2022 / 09:14

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак за брутална и неоправдана, а потоа се исправи велејќи дека всушност мисли на руската инвазија на Украина. Грешката се случи во текот на говор во Далас, во кој Буш ја критикуваше руската политика.

„Резултатот е непостоење на контрола и рамнотежа, што овозможи еден човек да започне целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, рече Буш, а потоа одмавнувајќи со главата се исправи: „Сакам да кажам на Украина“.

Потоа се пошегува велејќи дека годините очигледно го прават своето, што предизвика смеа кај публиката.

САД во 2003 година, кога Буш беше претседател, ја предводеа инвазијата на Ирак со изговор дека земјата поседува оружје за масовно уништување, кое сепак никогаш не беше пронајдено. Во долготрајниот конфликт загинаа стотици илјади луѓе, а уште повеќе ги напуштија своите домови.

Коментарот на Буш се рашири на социјалните мрежи, со над 3 милиони прегледи на Тњитер откако снимката ја објави новинар на Далас Нус.

Во критиката со која го осуди рускиот претседател Владимир Путин, Буш го спореди украинскиот претседател Володимир Зеленски со британскиот воен челник Винстон Черчил.

URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Свет

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе