Центар и Аеродром највело општини во Скопје

Општина Центар ја понесе титулата највело општина во Скопје според бодувањето на НаТочак и Центар за одржливи иницијативи, додека Општина Аеродром е највело општина според гласовите на граѓаните.

Бодувањето на општините, како што известија, се изврши врз база на критериум (методологија) развиен во рамките на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“. Притоа беа земени многубројни карактеристики и активности кои општините ги сработиле за велосипедистите во периодот 2021-2023, а информациите беа побарани по пат на барање информации од јавен карактер. Покрај тоа, беше спроведена и јавна анкета наменета за граѓаните, велат надлежните.

Методологијата, како што појаснуваат ги следи европските и светските стандарди, но e приспособена за локалното подрачје.

„Општините што не доставија информации добија 0 бодови. Од вкупно 17 општини, четири општини на доставија одговори.

URL

Сепак, иако жири-комисијата едногласно одлучи Општина Центар да биде прогласена за победничка, таа освои вкупно 49 бода од можни 100. Ова покажува дека и покрај тоа што Центар најмногу се залага за овозможување услови за граѓаните, останува уште многу простор за подобрување.

Наградата од јавноста ја доби Општина Аеродром со освоени најмногу поени на јавната онлајн-анкета пополнета од повеќе од 1.000 граѓани.

Наградата за рурална општина со најголем исчекор ја освои Општина Илинден. Оваа општина „покажа значителен и најголем напредок за разлика од другите рурални општини инвестирајќи во нова велосипедска инфраструктура – велопатеки и паркинзи“, се истакнува во соопштението.

Покрај овие три, жири-комисијата одлучила да додели уште две награди – за најповрзувачка општина и општина со најголем потенцијал.

Особено признание од комисијата добила Општина Гази Баба за остварување велосипедска рекреативна инфраструктура по должината на Вардар, која воедно служи за поврзување со општините Аеродром, Центар и Карпош.

Општина Петровец, пак, го понесе признанието за општина со најголем потенцијал поради покажаниот интерес да инвестира во велосипедската инфраструктура преку изведбата на првата велопатека во општината, која го поврзува Скопскиот Регион со светот.

Ова признание треба да послужи како дополнително мотивирање на руралните општини за развој во насока на пријателска велоатмосфера и охрабрување да продолжат со поврзување на велоинфраструктура во своите граници и меѓуопштински.

„Би сакале да нагласиме дека целта на овие награди е општините преку позитивен пример да ги зголемат заложбите за подобрување на велосипедската инфраструктура, а со тоа и за климатска акција. Се надеваме дека изборот ќе продолжи и во иднина, па дури и да се претвори во традиција“, вели Мери Бакалова-Стојанова од здружението на граѓани Центар за одржливи иницијативи.

Јавната онлајн-анкета покажала дека граѓаните најчесто го користат велосипедот како превозно средство за движење во општините Центар, Карпош и Аеродром.

Оценувајќи ја велосипедската инфраструктура, речиси половина од испитаниците (48,2 %) изјавиле дека немало никакви нови инвестиции во последната една и пол година.

„Една третина од испитаниците (37,4%) исто така изјавија дека нивната општина не презема ништо за безбедноста на велосипедистите. Повеќето од граѓаните што ги споделија своите мислења со нас велат дека не се чувствуваат безбедно да возат велосипеди со детско седиште или деца да возат сами нагласувајќи дека може да биде особено ризично“, посочи Дарко Арсовски од На точак.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја поздрави иницијативата и најави нови проекти за унапредување на велоинфраструктурата во рамките на општината.

Воедно, соопшти дека преку општинскиот Совет е донесена и одлука за поставување задолжителен велопаркинг-простор во секој нов изграден проект во Општина Центар.

Еден од главните заклучоци на јавната анкета е и дека граѓаните не се задоволни од бројот на јавно достапни паркинзи за велосипеди, а и оние што ги има, во најголем дел ги сметаат за нефункционални.

Поради ова, Општина Центар како највело-општина за 2023 доби вело-паркинг изведен по универзален дизајн.

„Оваа награда е потврда на заложбите на Општина Аеродром за подобрување и унапредување на мобилноста на локално ниво, но и поттик да се работи и понатаму во делот на велосипедската инфраструктура. Целта на наградата е преку позитивен пример да влијае на зголемување на заложбите на локалната самоуправа за подобрување на велосипедската инфраструктура, а со тоа и за климатска акција. Благодарност до граѓаните за поддршката. Ние остануваме посветени на промоција на урбаната мобилност и здравиот начин на живот. Во следниот период продолжуваат активностите за прифаќање на новите еколошки и инфраструктурни предизвици, но и конкретните активности за вклучување во климатските акции кои ќе придонесат за почиста општина и позелено опкружување“, велат од Општина Аеродром.

На сите победнички општини им беа врачени статуетки, рачно изработени од волонтери креативци во столарска едукативна работилница.

реклама

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Read more

Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Read more

3 хороскопски знаци на кои им се палат сите зелени светла во февруари

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 февруари

Read more

Македонија

Силен земојтрес почувствуван во Скопје и Тетово

Read more

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Read more

Мицкоски и Тошковски покажаа 40 тони запленета марихуана: Никој не е над законот

Read more

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Read more
 

Вести

Силен земојтрес почувствуван во Скопје и Тетово

Читај повеќе

Руска царина: Нашиот извоз се намали лани, увозот од Африка значително се зголеми

Читај повеќе

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Читај повеќе

Foreign Affairs: На Европа ѝ треба армија

Читај повеќе

Европскиот парламент усвои построги и побрзи правила за азил

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски и Тошковски покажаа 40 тони запленета марихуана: Никој не е над законот

Читај повеќе

Задникот на Трамп хит на карневалска парада во Германија

Читај повеќе

Франција праќа писма до 29-годишниците: Раѓајте деца пред да биде предоцна

Читај повеќе

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Читај повеќе