ЛА ЛИГА 2022/2023

Чави за поразот од Алмерија: Го одигравме најлошиот натпревар сезонава

Каталонците пропуштија голема шанса да ја зголемат разликата во однос на Реал Мадрид, но изненадувачкиот пораз на гостувањето кај Алмерија всушност му донесе намалување на кралскиот клуб.

Реал Мадрид одигра 1:1 во градското дерби со Атлетико, па сите очекуваа Барселона да побегне на +10 со победа во Алмерија. Тоа не само што не се случи, туку избраниците на Чави Ернандес упатија само еден удар во рамките на домашниот гол, а згора на тоа од 24. минута имаа негатива која до крајот не успеаја да ја анулираат, па го загубија натпреварот.

Чави беше нервозен на клупата, па уште во 52. минута доби жолт картон поради кој во наредното коло ќе мора да одлежи суспензија. Тогаш Барселона игра дома со Валенсија.

Remote video URL

„Бесен сум, бидејќи го одигравме најлошиот натпревар сезонава, особено во првото полувреме“, рече Чави во изјава за Marca.

„Ни недостасуваше интензитет и ритам. Не покажавме страст за победа. Во второто полувреме се подобривме. Беше тоа тежок натпревар, а и тежок ден, но сѐ уште сме лидери со предност од 7 бодови“, додаде.

„Ќе биде тешко да се освои Ла Лига, но мораме да реагираме сега. Тука не покажавме дека сакаме да победиме“, заврши Чави.

Барса в четврток игра токму против Реал Мадрид, но во Копа дел Реј, во првиот полуфинален натпревар.

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Фудбал

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе