Чеферин за БББ навивачите уапсени во Атина: Тоа се криминалци и идиоти

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин даде големо интервју за N1 Slovenija во кое допре бројни теми од светот на фудбалот.

Тој коментираше за сè, од новиот формат на Лигата на шампионите до фудбалската експанзија во Саудиска Арабија. Тој се осврна и на навивачите на Бед Блу Бојс во грчките затвори.

„Во конкретниот случај се случи трагедија, но Динамо не ни знаеше дека оваа група навивачи отпатува за Атина. Тоа се криминалци и идиоти кои се организираа, отидоа во Атина дури два дена пред натпреварот, а потоа го направија тоа што го направија“, рече Чеферин, а потоа додаде:

„Дали навистина би било правилно да се казнат клубот и 99,9% од невините навивачи поради неколку идиоти кои сега се во затвор? Како можеше Динамо да знае дека некои хулигани и криминалци влегле во изнајмено комбе во два часот по полноќ и тргнале кон Грција?"

Повеќе од 100 навивачи на Бед Блу Бојс беа уапсени

Да потсетиме, еден грчки навивач загина во судир на БББ навивачи и навивачи на АЕК. Грчката полиција уапси повеќе од 100 БББ навивачи, кои се распоредени низ грчките затвори.

Судирот се случи пред натпреварот од Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо, на кој им биле забранети гостинските навивачи.

Обвиненијата против уапсените навивачи опфаќаат учество во криминална организација и недозволено поседување оружје.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе