Четири знаци дека врската е осудена на пропаст

Многу е тешко да се решите на голем чекор како раскинување на врската ако не сте експлицитно несреќни или немате опиплив проблем со партнерот.

Сепак, има некои показатели и однесувања што укажуваат дека врската во која сте нема иднина и дека ќе станува само полошо. Затоа е добро да се соочите со вистината и да препознаете дали сте во таква врска пред да продолжите да вложувате време, енергија и чувства во врска што е осудена на пропаст.

Не постои зборот „компромис“

Постигнувањето компромис е тешко и за потребата од компромис треба да се свесни и двајцата партнери. Колку и да изгледа тешко наоѓањето заедничко решение, тој товар никако не смее да паѓа само на едниот партнер кој постојано прави отстапки или носи одлуки, а другиот останува со „чисти раце“.

Не постои интимност

Во текот на врската може да има разлика во интензитетот на интимноста, но целосно отсуство на интимност е јасен показател дека иако си одговарате во други аспекти, меѓу вас нема партнерска, интимна врска. Интимата треба да постои на две нивоа – сексуално и духовно. Ако не се чувствувате блиски со партнерот не можете да се потпрете еден на друг во тешките моменти што ја дефинираат врската.

Има повеќе негативни отколку позитивни вибрации

Вашиот живот треба да биде исполнет со позитивни вибрации и пријатна атмосфера и заслужувате партнер кој ќе се труди да ви го овозможи тоа. Секако дека ќе има тешки и негативни моменти, но тоа и треба да бидат  - моменти – а не секојдневие. Ако постојано се борите еден против друг, наместо да се борите за „вас“ можеби е време да размислите колку ви вреди победата.

Почнувате да се чувствувате заглавено

Тоа што ви е пријатно со партнерот, немате опипливи проблеми и сте заљубени, не значи дека треба да го игнорирате чуството што ви кажува дека нешто ви недостига. Тоа најчесто е оној „икс фактор“ што ја дефинира љубовта и врската со таа една посебна личност. Ако покрај целата удобност во врската, се чувствувате дека стоите во место или сте заглавени, престанете да си го губите своето време и времето на партнерот и дајте си шанса и двајцата да ја најдете својата посебна личност. Со тек на време чувството на заглавеност преминува во чувство на огорченост. Затоа прекинете пред да почнете да развивате негативни чувства кон партнерот чија единствена „маана“ е тоа што не е „оној вистинскиот“.

реклама

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе