Циметово масло - ретко кој го знае, а е многу лековито

Циметовото дрво е растение кое потекнува од Азија, а најмногу го има во Индија, Шри Ланка, Бразил и Мадагаскар. Како зачин и лек се користи уште од времето на древниот Египет. Во Европа најголема побарувачка за цимет настанала во Средниот век кога станал основен производ за трговија помеѓу Блискиот Исток и Стариот континент.

Денес може да се каже дека се работи за идеална комбинација на сјаен зачин и природен лек. Во нашите краишта малку е познато за користењето на масло од цимет. Постојат два вида малсо од циметово дрво. Првиот е есенцијално масло со голема јачина кое се прави од листови и кори од билката преку многу сложен процес. Другиот е екстрахирано масло од цимет кое и самите можете да го направите.

За вториот вид на масло потребни ви се неколку стапчиња цимет и чисто маслиново масло (рафинирано).

Целите стапчиња цимет ставете ги во тегла. Стапчињата прелијте ги со чисто маслиново масло така што потполно ќе бидат потопени. Теглата добро затворете ја и оставете ја на собна температура 3 недели. Секој ден добро протресувајте ја теглата. По трите недели процедете го маслото низ газа во потемно стаклено шише. Вашето масло од цимет ќе биде подготвено за употреба. Бројот на стапчиња цимет се одредува произволно. Што поголем број на циметови стапчиња, тоа подобро.

Доколку не можете да пронајдете стапчиња цимет, можете да користите и цимет во прав во размер 1:5 во однос на маслото (100 грама прав на пола литар масло).

Маслото има антисептички, антибиотски и афродизијачки својства. Користењето на циметово масло е одличен начин за прочистување на крвта од сите нечистотии. Циметовото масло ја подобрува циркулацијата на крвта и спречува создавање на грутки. Освен тоа, редовното користење на масло од цимет ја подобрува контролата на шеќер во крв кај дијабетичарите и брзо го нормализира истиот.

Американските научници тврдат дека ова масло е одличен тоник за мозокот кој спречува тензија, нервоза и губиток на помнењето, а и значително ја зајакнува мозочната активност. Маслото од цимет спречува и уништува бактерии, ги намалува и ги уништува габите, а се употребува и како лек против габични инфекции.

Тагови
реклама

Здравје

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Read more

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Read more

Опасни комбинации на суплементи што треба да се избегнуваат

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе