Црн рекорд: 8 милиони заразени со COVID-19 ширум светот

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина 8 милиони, покажуваат најновите статистички податоци.

Според информациите што ги генерира сајтот Worldometers, заклучно со статистиките за изминатите 24 часа, ширум светот има 8.018.693 заразени со COVID-19. Од нив 436.137 починале, а 4.141.103 оздравеле.

Бројот на активни случаи низ светот изнесува 3.441.453, а на затворени 4.577.240.

Најопасно жариште на коронавирусот се САД – таму има 2.162.406 регистрирани заразени, од кои 117.859 починаа, а 870.076 оздравеа.

На второ место е Бразил со 867.882 случаи, 43.389 починати и 453.568 оздравени од COVID-19.

Трета по број на заразени е Русија, со 537.210 потврдени случаи и 7.091 починат пациент.

На второ место по број на смртни случаи е Велика Британија каде досега се регистрирани 41.698 починати пациенти со COVID-19.

Италија и Шпанија, кои во почетокот беа жаришта на заразата во Европа, бележат намален број на заразени и починати.

Според официјалните податоци, епидемијата со новиот коронавирус почна во декември, 2019 година во Кина, а по еден месец се прошири низ речиси целиот свет.

Сега има регистрирани случаи во 213 земји и територии, а некои земји, како Нов Зеланд, прогласија крај на пандемијата со 0 новозаразени.

Концентрацијата на вирусот преку Азија се пренесе во Европа, а сега е најголема во Северна и Јужна Америка. Светската здравствена организација предупредува дека можни се невидени кобни последици ако коронавирусот продолжи да се шири во Африка.

Според најновите податоци од македонското Министерство за здравство, досега во земјава се направени вкупно 43.881 тестирање на COVID-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе