Dacia планира да ја ажурира целата палета на возила, а покрај оптичкото освежување, најзначајната вест е поврзана со новиот сет на безбедносни прописи GSR2. Црната кутија и алкотестот стануваат стандардна опрема.

Романскиот производител на автомобили најави голем број важни новитети во својата понуда. Веста доаѓа како резултат на воведувањето на новата регулатива GSR2, која ќе стапи на сила во Европската Унија во јули. Dacia ќе ги ажурира и ќе ги приспособи сите сегашни модели на новите безбедносни прописи почнувајќи од април.
Она што е најважно во однос на новите безбедносни прописи, сите модели од гамата на Dacia ќе добијат нов пакет безбедносни системи во основната опрема за автомобилите да ги исполнуваат новите GSR2 прописи.
Така, сите модели на Dacia ќе добијат: црна кутија како снимач на настани во случај на несреќа, стандарден алкотест уред, кој ќе има можност да го блокира возењето под дејство на алкохол, систем за препознавање сообраќајни знаци со предупредување за брзо возење, предупредување при промена на лента, контрола на вниманието на возачот, помош за паркирање во рикверц, сензори за светло и дожд, автоматско итно сопирање со детекција на пешаци и велосипедисти и систем за предупредување за итно сопирање.

Исто така, сите модели на Dacia ќе содржат и код за спасување. Тоа ќе биде QR код во форма на налепница прикажана на шофершајбната и задното стакло. Со скенирање на кодот ќе може да се пристапи до списокот за спасување и инструкциите, со кои спасувачките тимови во случај на несреќи на патот ќе знаат, на пример, каде се наоѓа резервоарот за гас.
Од оптичките промени, најголема иновација има кај Sandero, кој заедно со новата зелена нијанса на боја, добива и нова линија на опрема Journey. Новото ниво на опрема одговара на Extreme верзијата на Sander Stepway и ги носи следните новитети: нови алуминиумски бандажи, нови облоги на праговите и ексклузивни патосници во патничкиот простор. Опремата Journey вклучува и картичка наместо клуч, потоа камера за рикверц, пренослив држач за телефон и организатор на багажникот.

И Sandero и Logan сега ќе добијат проширена палета на бои. Најдоминантна нијанса ќе биде Beige Safari, ексклузивна за Sandero Stepway. Исто така, хибридната верзија на Dacia Jogger ќе биде збогатена со нов 7-инчен централен екран, присутен и на новата генерација на Duster.
Покрај тоа, сите модели ќе добијат USB-C порт на дното на контролната табла, уште еден USB-C приклучок зад централната конзола за автомобили опремени со пакетот Comfort, како и рачна клима за Jogger во основната изведба Essential.