Црната дупка во центарот на нашата галаксија не е така неактивна како што мислевме

Супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија Млечен Пат не е толку неактивна како што се мислеше, покажува новото истражување.

Се чини дека пред околу 200 години, заспаниот џин се разбудил и проголтал некои блиски космички објекти пред повторно да заспие.

Имено, вселенската опсерваторија на НАСА IXPE (Imaging X-ray Polarimetry Explorer) го набљудуваше ехото на рендгенските зраци на ова силно заживување на активноста. Супермасивната црна дупка Sagittarius A* (Sgr A*) е четири милиони пати помасивна од Сонцето. Се наоѓа во центарот на Млечниот Пат, а од нас е а 27.000 светлосни години.

Sgr A* отсекогаш се сметал за неактивна црна дупка, вели астрофизичарот Фредерик Марин од француската астрономска опсерваторија во Стразбур. Имено, поголемиот дел од супермасивните црни дупки кои сквотираат во срцето на нивните галаксии „одат на спиење“ откако ќе ја проголтаат сета околна материја.

„Тоа би можеле да го споредиме со мечка која паѓа во хибернација откако добро ќе се нахрани“, изјави Марин за AFP. Но, меѓународен тим од експерти откри дека Sgr A* се разбудила на крајот на 19 век и го консумирала целиот гас и прашина на дофат. Тоа било продолжен оброк - црната дупка се хранела со оваа гозба неколку месеци до една година, пред повторно да западне во „зимски сон“.

Милион пати посветла

„Кога црната дупка беше активна, таа беше најмалку милион пати посветла отколку што е денес“, рече Марин. Научниците можеа да го забележат овој прекин на спиењето бидејќи блиските галактички молекуларни облаци почнаа да испуштаат многу повеќе рендгенски зраци.

„Овој наплив на светлина од рендген беше исклучително силен. Се чинеше дека светулката скриена во шумата одеднаш блесна како Сонце“, соопшти францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS).

Астрономите ја следеа таа рендгенска светлина со IXPE и открија дека таа всушност доаѓа од насоката на Sgr A*. Сè уште не е познато што точно го разбудило Сгр А*. Дали ѕвезда или облак од гас и прашина се доближиле премногу до неа?

Научниците се надеваат дека понатамошните набљудувања од опсерваторијата IXPE ќе ни помогнат подобро да разбереме што точно се случило во овој случај, а можеби и да помогне да се реши мистеријата за потеклото на супермасивните црни дупки, која сè уште е обвиткана со мистерија.

Истражувањето X-ray polarization evidence for a 200-year-old flare of Sgr A* беше објавено во списанието Nature.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе