Џабе КОВИД потврдите - најмалку 950 заразени на фестивал во Холандија

Фестивалот за електронска музика Веркнипт во Утрехт, Холандија, според австриски Spiegel, стана жариште на COVID-19, иако на настанот можеа да влезат само посетители со КОВИД потврда.

Услов за влез на фестивалот кој се одржа на првиот викенд во јули, беше потврда за вакцинација, негативен тест или прележан COVID-19.

Сепак, скоро илјада посетители биле заразени со коронавирус, а тој број има тенденција да расте, пишува Spiegel. Настанот имаше 10.000 луѓе на ден, така што сепак е релативно мал процент од вкупниот број посетители.

Според локалната здравствена служба GGD, на првиот ден од фестивалот, 3 јули, биле заразени 448 посетители. На вториот ден, наводно, биле регистрирани 516 случаи со корона. Портпаролката на GGD, Лидија ван дер Меер очекува дека бројот на инфекции може да продолжи да расте во наредните денови.

„Но, се надеваме дека сега сме на пикот“, изјави таа за медиумите.

Според GGD, организаторите на фестивалот се придржувале на валидните мерки, што дополнително ги загрижува службите, бидејќи покажува дека мерките во пракса не го запираат ширењето на вирусот, пишува Spiegel.

За потсетување, холандскиот премиер пред два дена се извини за олабавувањето на мерките, потег за кој рече дека бил погрешен и избрзан.

Делта варијантата на коронавирусот брзо се шири во Холандија со репродукциски број 2,17, што е најголем од почетокот на пандемијата во март 2020 година, според извештајот на Националниот институт за јавно здравје и животна средина (RIVM) објавен вчера.

RIVM смета дека помеѓу 60 и 65 проценти од сите заразени се последица на делта сојот. Во последниве денови, бројот на новоинфицирани за 24 часа се движеше околу 8.000. Сепак, тешко дека заразените ќе имаат потешка форма на COVID-19, така што бројот на пациенти во болниците е стабилен.

Седумдневната инциденца минатата недела беше околу 270 нови инфекции на 100.000 жители, додека во Германија во моментов има само 6,5.

Зголеменото ширење на заразата ја поттикна владата во петокот да се откаже од олеснување на некои мерки. Дискотеките и ноќните клубови повторно се затвораат, додека фестивалите повеќе нема да се одржуваат, а една од причините е фестивалот Веркнипт, кој се смета за големо жариште.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе