Froggy Beachstar нуди автономија од 200 километри во стандардната верзија и 300 километри со батерија со продолжен досег.
Dartz е компанија од Латвија која е специјализирана за производство на скапи и уникатни теренци отпорни на куршуми. Со својот нов проект, овој производител тргна во сосема поинаква насока.
FreZe Froggy EV Beachstar е мал електричен кабриолет кој изгледа како да паднал од временска машина поставена во 80-тите.
Веб-страницата на производителот го рекламира овој кабриолет со слоганот: Најевтиниот електричен автомобил во ЕУ!
Дали е најевтин, не сме сосема сигурни, но овој мал автомобил изгледа како играчка. Се базира на кинескиот електричен автомобил Wuling Hong Guang Mini EV.
Од Dartz објаснуваат дека го изградиле Freze Froggy EV Beachstar специјално за car sharing програми и компании за изнајмување автомобили.
Малиот автомобил нуди автономија од 200 километри во стандардната верзија и 300 километри со батерија за долг домет. Моќноста на електромоторот е 41 КС.
Според производителот, максималната брзина е 100 км/час.
Како што велат, возилото е визуелен омаж на претходните автомобили на Dartz (на сликата), Millennium Mercedes, со шасија од G-класата и каросерија од класата SLK што компанијата ја изгради за инвеститорот Џим Роџерс и неговата сопруга, или Volkswagen Буба, која наликува на жаба и е конструирана во раните деведесетти.
Dartz планира да започне со испораки на моделот FreZe Froggy EV Beachstar во средината на 2023. Цената би требало да биде околу 20.000 евра.