Дали секс двапати во една вечер ги зголемува шансите за забременување?

Без разлика дали се обидувате да забремените или да не забремените, многу е важно да знаете како функционира човечкото тело.

Понекогаш нештата што се чинат толку очигледни се погрешни, а сигурно имате слушнато еден куп „трикови“ како побрзо да забремените или да избегнете непланирана бременост.

 

На таа тема, корисно е да знаете дека ако имате секс двапати во иста вечер навистина ги зголемувате шансите за забременување.

Новите истражувања на доктор Да Ли при универзитетот Шенѓин укажуваат дека спермата што се произведува во машкото тело за втората ејакулација има поголема содржина на протеини што ги забрзуваат сперматозоидите, што ја зголемува веројатноста да оплодат јајце-клетка.

Резултатите од истражувањето објавено во журналот Molecular & Cellular Proteomics исто така покажуваат дека користењето сперма што била ејакулирана најмногу 180 минути пред вештачкото оплодување ги зголемува шансите за успех на ин витро постапката.

Во истражувањето биле опфатени 500 двојки кои се подготвувале за ин витро постапка. Мажите биле замолени да даваат примероци сперма во различни временски растојанија од првата ејакулација.

Откако ембрионите им биле имплантирани на жените, резултатите покажале дека мажите кои ејакулирале во првите три часа по првата ејакулација имале поголема стапка на успех во зачнувањето.

„Со години, мажите се советуваа да ја ограничат сексуалната активност за да ги зголемат шансите за оплодување. Но, време е да го смениме мислењето“, вели доктор Ли.

реклама

Љубов и секс

Кои се петте фази на вистинската љубов?

Read more

Зошто почнуваме да си личиме со партнерот по некое време во врска?

Read more

Луѓето кои се задоволни од сексот во врската изневеруваат повеќе

Read more

Три вообичаени грешки кои значително ги расипуваат интимните односи: Каде е проблемот?

Read more
 

Магазин

6 причини зошто треба често да јадете мед

Читај повеќе

Како да препознаете дека внесувате премногу протеини?

Читај повеќе

Како влијае на бебето пиењето кафе за време на бременоста?

Читај повеќе

Кои се петте фази на вистинската љубов?

Читај повеќе
Чорба со пилешко и кнедли

Рецепт на денот: Чорба со пилешко и кнедли

Читај повеќе

4 суплементи што треба да ги користат жените над 35 години

Читај повеќе

Астро прогноза од 14 до 20 октомври за секој хороскопски знак

Читај повеќе
  • play_arrow

Дечко, кој те учел така да правиш ајвар?

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем триумф на Меккен Скопје на фестивалот Голден Драм

Читај повеќе