Дали супермасивна црна дупка би можело да ја голтне Земјата?

Италијанскиот астроном Фабио Пакучи објаснува дека супермасивните црни дупки имаат маса што е милиони, па и милијарда пати поголема од онаа на Сонцето и дека зазеле толку огромни пропорции со тоа што голтаат материја и се спојуваат со други црни дупки.

Во анимираното TED-Ed видео насловено „Дали е можно црна дупка да ја голтне Земјата?“, Пакучи, кој е на постдокторски студии на Јеил, објаснува дека една супермасивна црна дупка функционира како „космичка правосмукалка со бесконечен капацитет“ и голта сѐ што ќе ѝ се најде на патот благодарение на нејзиното моќно гравитациско поле.

„Ништо, дури ни светлината, не е доволно брзо за да ѝ побегне на гравитацијата на црната дупка откако ќе помине одредена граница, позната како „краен хоризонт“.

Со оглед на тоа дека црните дупки се милиони или милијарди пати поголеми од Сонцето, тој хоризонт би можело да се протега на милијарди километри, објаснува Пакучи.

Тој тврди дека ако масивна црна дупка помине покрај Нептун, тоа значително би влијаело на орбитата на Земјата, што би имало „катастрофални последици“.

Сепак, ваквиот вид на црни дупки не треба да нѐ загрижува премногу со оглед на тоа дека супермасивните црни дупки обично се наоѓаат во центарот на една галаксија.

„Нашиот Сончев систем е во стабилна орбита околу супермасивна црна дупка што е сместена во центарот на Млечниот Пат, на безбедна оддалеченост од 25.000 светлосни години. Но, тоа би можело да се смени. Ако нашата галаксија се судри со друга галаксија, Земјата би се нашла втурната кон центарот на Млечниот Пат, доволно блиску до црната дупка за да може да ја повлече и да ја голтне“, вели Пакучи.

„Се предвидува дека ќе се случи судир со галаксијата Андромеда за 4 милијарди години од сега, што може да биде катастрофално за нашата планета Земја“, додава тој.

Пакучи сепак нагласува дека црните дупки не се само „уништувачи“, туку играат клучна улога во формирањето на галаксии.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе