Дали треба да причекаме со бустер дозата дозата додека не стигне вакцината против омикрон?

Pfizer и BioNTech во вторникот објавија дека започнуваат клиничко испитување на вакцината против омикрон варијантата на коронавирус, а Moderna во средата потврди дека нејзините клинички испитувања на вакцината против омикрон влегле во втора фаза.

Омикрон е варијанта на коронавирусот што се шири низ светот значително побрзо од делтата и затоа стана доминантна варијанта во голем број земји.

Со оглед на најавата за пристигнување на вакцина која ќе биде конкретно насочена против омикрон, многумина се прашуваат дали треба да причекаат со бустер доза додека не се појави вакцина насочена против омикрон. Дали треба да примите бустер ако имате корона во екот на омикронскиот бран? На овие и на други прашања одговараат научници од Универзитетот Џорџ Вашингтон во САД.

Дали луѓето треба да причекаат со бустер дозата додека не се појави вакцината против омикрон?

Не, не мораат. Секој што може да прими бустер доза треба да ја прими што е можно поскоро. Еве две главни причини за ова: Прво, има сѐ повеќе докази дека бустер дозата на Pfizer или Moderna обезбедува значителна заштита од COVID-19. Минатата недела, Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) објавија три нови големи студии кои покажуваат дека бустерот штити од потешки форми на болеста и ја намалува веројатноста да се заразите со коронавирусот.

Според студијата спроведена во периодот на доминација на омикрон, се покажа дека примањето на бустер доза во 90% од случаите штити од хоспитализација, што може да се спореди со 57% заштита од хоспитализација на луѓе кои примиле две дози помалку од шест месеци по втората доза.

Друга студија, во која истражувачите проучувале 13.000 случаи на инфекција со омикрон, покажа дека веројатноста за развој на симптоматска инфекција е 66% помала за луѓето кои примиле три дози во споредба со оние кои примиле две дози од вакцината.

Понатаму, вакцините кои се специјално насочени против омикрон сè уште се во фаза на клиничко испитување. Овие испитувања ќе траат со месеци. Следствено, сè уште не ги знаеме резултатите од овие тестови или дали омикронските вакцини ќе бидат подобри од претходните вакцини. Дополнително, треба да се чека одобрувањето на овие нови вакцини. Ќе поминат месеци и месеци, а бидејќи бранот омикрон сè уште расте, никој не би требало да чека да прими бустер.

Ако сега примите „обичен“ бустер, дали тоа значи дека нема да може подоцна да примите вакцина против омикрон?

Не. Една од групите луѓе што Pfizer ги проучува во своите студии се луѓе кои примиле три дози и сега ќе добијат четврта доза во клиничките испитувања, која е специјално насочена против омикрон.

Компанијата ќе го испита ефектот од четвртата доза. Можно е четвртата доза да не биде потребна бидејќи првобитниот бустер сепак обезбедува добра заштита. Но, ако бустерот против омикрон, покрај третата доза, е нешто што обезбедува многу повисоко ниво на заштита, тогаш препораката би можела да биде луѓето во иднина да добиваат омикрон бустер.

Што ако некој неодамна се заразил со омикрон? Дали сепак треба да прими редовна трета, бустер доза?

Повеќето луѓе не знаат со која варијанта на коронавирусот се заразени. Но, бидејќи омикронот во моментов е одговорен за 99% од новите случаи на инфекција, тоа значи дека ако неодамна сте се заразиле, веројатно тоа е омикрон.

Луѓето кои биле вакцинирани и кои исто така се опоравиле од инфекцијата се чини дека имаат многу високо ниво на заштита. Сепак, имунитетот од болеста варира. Некој кој имал тешки симптоми може да има високи нивоа на антитела во споредба со некој кој имал асимптоматска инфекција. Дополнително, не знаеме колку долго трае заштитата што ја дава болеста.

Поради оваа причина, бустерот сè уште се препорачува на секој што прележал ковид. Може да ја примите бустер дозата веднаш откако ќе ви истече периодот на изолација; важно е да немате температура и да ви се поблаги симптомите.

Колку подолго трае заштитата што ја обезбедува бустерот? Дали наскоро ќе ни треба уште еден бустер?

Не знаеме. Една нова студија од Универзитетот во Тексас, која е објавена онлајн, но сè уште не поминала рецензија, покажа дека анти-омикронските антитела остануваат робусни четири месеци по добивањето на бустер дозата.

Постојат и други компоненти на имунолошкиот одговор на телото, Т-клетки и Б-клетки, кои би можеле да обезбедат заштита со месеци, но досега сè уште не знаеме кога имунитетот паѓа по третата доза на вакцината. Ова е нешто што научниците ќе го следат многу внимателно. Во меѓувреме, имаме силни докази дека луѓето треба да добијат бустер доза.

Дали развојот на вакцината против омикрон ќе ни помогне што поскоро да дојдеме до крајот на пандемијата?

Генерално сме оптимисти и веруваме дека пандемијата е при крај. COVID-19 нема да исчезне, сигурно ќе биде со нас уште долго време, но ќе имаме уште многу алатки за коегзистирање со вирусот на начин кој повеќе нема да доминира со нашите животи.

Развојот на нови вакцини секако ќе биде клучот за коегзистенција со COVID-19. Се надеваме дека ќе има повеќе истражувања за вакцините кои нашироко го таргетираат коронавирусот, за да не мораме да се грижиме во случај да се појават нови мутации.

Сепак, сметаме дека е добро фармацевтските компании да развијат вакцини кои се насочени против одредени варијанти, особено ако на крајот имаме подобра заштита. Но, тоа нема да го знаеме со месеци и затоа луѓето навистина не треба повеќе да го одолговлекуваат примањето на бустер дозата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе