Дали убиецот на Низама бил во врска со полицајката која му ја откри нејзината локација?

Канцеларијата на генералниот обвинител и раководството на полициската дирекција на МУП на Кантон Тузла одржа итен состанок вчера, на кој се дискутираше за третманот на институциите во врска со пријавениот криминал на семејно насилство во случајот со Низама Хеќимовиќ, која беше убиена од Нермин Сулејмановиќ пред три дена и целиот хорор го пренесуваше во живо на Instagram.

Сулејмановиќ уби вкупно три лица, рани три, а потоа, откако со часови бегаше од полицијата, се самоуби.

Сега се утврдува кој од припадниците на полицијата му дојавил на Сулејмановиќ каде се наоѓа Хеќимовиќ, која се криела кај тетка ѝ, и каква улога во целиот случај имам Џенана Селимовиќ, вработена во полициската станица во Градачац.

Avaz неофицијално дознава дека тројниот убиец бил во врска со полицајката Селимовиќ, која се сомничи дека му дала информации од истрагата. Таа е исто така осомничена дека наводно му открила на убиецот каде се кријат Низама и нејзината ќерка.

На Селимовиќ, која во моментов е на одмор во Италија, сега ѝ се заканува суспензија и дисциплинска постапка затоа што била во врска со криминално лице. Се чека нејзиниот исказ.

Сулејмановиќ бил осудуван за разни престапи, меѓу другото, пред 15 години беше осуден за обид за убиство, што Селимовиќ го знаела.

„Тој има повеќе пресуди за насилно однесување и загрозување на безбедноста, бил пријавуван за семејно насилство, бил повеќекратно осудено лице“, рекоа од канцеларијата на обвинителството.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Регион

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Read more

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе