Damnatio memoriae: Што е забрана за сеќавање?

Дали некогаш сте слушнале за латинската фраза damnatio memoriae? Тоа е забрана за сеќавање, а низ историјата има неколку одлични примери за ова нешто.

Damnatio memoriae во буквален превод значи „забрането за паметење“, односно не смее да се памети лицето осудено на таква забрана, т.е. тоа било протерано од јавната меморија. Терминот се користел за еден вид јавна постхумна казна што Сенатот во Римската Империја ја изрекувал против предавниците и другите поединци кои го посрамотиле Рим.

Намерата била да се избрише секаква трага од сеќавање или постоење на лицето против кое била изречена казната. Бришењето од историјата било многу полесно во античко време, кога пишаните документи биле ретки. Ваквата казна била изрекувана со цел да се зачува честа и угледот на градот. Градот кој особено го истакнувал општествениот престиж е секако древниот Рим. Жителите на овој град биле особено горди на фактот дека се Римјани и дека припаѓаат на тој град, па за нив ова можеби била најлошата можна казна.

Историчарите понекогаш го користат терминот „де факто забрана за сеќавање“ кога пресудата не е официјална. Пример за ова е уништувањето на статуи и други прикази на двајца членови од семејството на Калигула - неговата сопруга Милонија Цезонија и неговата ќерка Јулија Друсила, што се случило по атентатот на императорот. На листата на неколкумината осудени на де факто забрана на сеќавањето е и името на Луциј Елиј Сејан, кој смислил заговор против императорот Тибериј во 31 година, како и на Ливила, која му била соучесничка.

Засега се знае дека само тројца императори се осудени на забрана за сеќавање. Тоа биле Домицијан, чија насилна смрт во 96 година ја завршила династијата Флавија; совладетелот на римскиот император Публиј Септимиј Гета, чие јавно сеќавање било забрането од неговиот совладетел и брат Каракала откако го убил во 211 година; а во 311 година Максимијан, кој бил заробен од Константин Велики и принуден да се самоубие.

Фалимијата Север: Јилија Дома, Септимиј Север, избришаниот Гета и Каракала

Не е познато дали ваквата казна била целосно успешна, бидејќи тоа би било незабележливо за подоцнежните историчари - по дефиниција значи целосно и апсолутно бришење на личноста од историските документи. Сепак, тешко е целосно да се спроведе тоа во пракса.

На пример, Сенатот сакал да го забрани сеќавањето на Калигула, но Клавдиј го спречил тоа. Нерон бил прогласен за непријател на државата од страна на Сенатот, но потоа добил огромен погреб во негова чест откако бил убиен од Вителиј. Иако многу статуи на императори биле уништени или преработени по нивната смрт, на многумима им биле повторно подигнати. Исто така, многу монети со слики на дискредитирани лица сè уште биле во оптек, што е особено видливо во случајот со Гета.

Слична практика и во други општества

Во древна Хелада, Херострат го запалил храмот на Артемида во Ефес за да стане познат. За да ги обесхрабрат таквите постапки, водачите на Ефес забраниле спомнување на неговото име, под закана со смртна казна. Обидот, сепак, беше неуспешен, што се потврдува и со фактот дека и денес знаеме за него.

Старите Египќани придавале големо значење на запомнувањето на имињата. Се верувало дека оној што го „уништува“ името на личноста, некако ја уништува самата личност, што влијае и на задгробниот живот.

Најпознатиот случај се картушите на еретичниот фараон од 18-тата династија Ахенатон, за кого научниците веруваат дека најверојатно бил таткото на Тутанкамон. Египќаните биле толку успешни во бришењето на неговото име што повторно било откриено дури во XIX век. Сличен напад бил направен и на Хатшепсут, но биле уништени само натписите и статуите што ја прикажуваат како крал на Египет. Сè што ја прикажувало како кралица останало недопрено.

Во Норвешка од X век, ерлот Хакон Сигурдарсон бил толку презиран од народот на Трондхајм што по неговата смрт секој човек се плашел да го изговори неговото име. Го нарекле „злобниот ерл“.

По смртта на папата Александар VI, новиот папа Јулиј II на денот на неговиот избор забранил секому да зборува или размислува за Борџа (кај нас погрешно познато како Борџија) под закана од екскомуникација. Името и споменот на претходниот „ѓаволски“ папа морале да се заборават и да се избришат од секој документ. Сите слики од семејството Борџа или оние што ги поседувале морале да бидат покриени со црн креп. Сите нивни гробови биле отворени и нивните тела беа испратени назад во неговата родна земја - Шпанија. Становите на Борџа останале запечатени до XIX век.

Damnatio memoriae во модерното време

Најпознатиот пример од модерната историја е отстранувањето на портрети, книги и луѓе од слики кои биле противници на Сталин за време на Големата чистка. Кога Советскиот Сојуз загубил фудбалски натпревар против Југославија на Летните олимписки игри во 1952 година, Сталин наредил да се уништат сите ленти од настанот.

Самиот Сталин бил отстранет од неколку пропагандни видеа кога Никита Хрушчов станал лидер на СССР, а градот Царицин, поранешен Сталинград, станал Волгоград во 1961 година.

Во Аргентина било забрането да се изговара името на Хуан Доминго Перон, по државниот удар со кој бил соборен од власт во 1955 година, а медиумите го нарекле „соборениот тиранин“. Покрај тоа, болниците и другите јавни згради именувани по него брзо биле преименувани. Забранети биле и фотографии и други прикази на аргентинскиот лидер.

Исто така во 2003 година, по изборот на претседателот Нестор Кирхнер, беа направени големи напори да се покаже незаконитоста на владеењето на Хорхе Рафаел Видел. Владата повеќе не го признаваше Видел како поранешен легитимен претседател на земјата и неговиот портрет беше отстранет од Националното воено училиште на Аргентина.

Имињата на Хосни Мубарак и неговата сопруга Сузан беа избришани од сите египетски споменици откако беа соборени од власт во 2011 година.

Во 2012 година, поради наводите за сексуална злоупотреба на деца против починатиот диџеј и водител Џими Савил, неговиот надгробен споменик беше отстранет од неговиот гроб, а зградите и улиците што го носеа неговото име беа преименувани. BBC објави дека повеќе нема да емитува емисии што ги води Савил, а добротворните организации што го носат неговото име беа затворени.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе