Дани Алвес денеска ќе дознае што го чека, откако петпати ја смени изјавата за силувањето

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес денеска ќе ја дознае конечната пресуда - дали ќе остане во затвор до крајот на судењето или ќе биде пуштен на четиримесечна условна слобода.

Алвес се наоѓа во затворот Брајанс 2 во Барселона од 20 јануари кога ѝ се предаде на полицијата по обвинение за силување, а откако минатата недела судот го одби второто барање условно ослободување, тој се жалеше до Апелациониот суд во Барселона и денеска ќе ја слушне конечната одлука.

Да потсетиме, неговото барање да биде пуштен на условна слобода од четири месеци беше одбиено бидејќи е пребогат и може да побегне во Бразил, кој нема договор за екстрадиција со Шпанија. Тоа значи дека ако избега во Бразил, нема да оди во затвор дури и да биде осуден додека не влезе во Шпанија или во некоја од земјите што имаат договор за екстрадиција со Шпанија.

Во меѓувреме, на минатото рочиште Алвес по петти пат го сменил исказот откако девојка која била со него на 30 декември во ноќен клуб го обвини дека ја однел во тоалет, ја заклучил таму и сексуално ја нападнал.

Бразилецот прво рече дека воопшто не ја познава жртвата, потоа дека само разговарал со неа, а откако с епојавија снимки од надзорните камери што покажуваат како ја носи девојката во тоалет, рече дека девојката се согласила да оди со него во тоалет и дека не ја натерал на секс, туку само се допирале.

И оваа изјава ја преиначи кога призна дека дошло до пенетрација во инцидентот.

Сегаа има нова, најнебулозна изјава во врска со инцидентот за кој го тужи 23-годишната девојка.

„Јас всушност сакав да ја заштитам таа млада дама. Седев во тоалетот, а таа дојде до мене и се фрли кон мене. Не ја допрев. Лажев во претходните изјави за да ја заштитам“, рекол Алвес.

Да потсетиме, жртвата во сведочењето детално го опиша малтретирањето на Алвес и изјави дека бразилскиот фудбалер има тетоважа на полумесечина на интимниот дел од телото.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе