Останати спортови

Дарко Дамјановски обезбеди А норма за настап на ЗОИ

14. февруари 2017 - 19:50 | Макфакс

Дарко Дамјановски обезбеди А норма и пласман на Зимските олимписките игри кои наредната година ќе се одржат во Пјеонгчанг, Јужна Кореjа.

Дамјановски А нормата ја обезбеди со освоеното четврто место на трката на 10 километри на „Мавровскиот меморијал“. Македонскиот олимпиец имаше време 20:44.5 минути или 57.5 секунди заостанување зад победникот, го освои четвртото место, но она што е позначајно тој со освоените 90 ФИС-точки ја оствари целта, односно обезбеди „А“ норма.

Инаку, најбрз на трката беше Хрватот Еди Дачиќ, кој оваа делницата ја мина во време од 19:47.0 минути, пред Србинот Дамир Растиќ и Младен Плакаловиќ од БиХ.

Зимската олимпијада во Пјеончанг ќе биде четврта за Дамјановски, кој претходно настапи на ЗОИ во Торино 2006, Ванкувер 2010 и Сочи 2014.

Кај жените на патеката од 5 километри најбрза беше Дејана Косарац од БиХ со време 12:27.8 минути, нејзината сонародничка Сања Кусмак, а место на пиедесталот избори нашата натпреварувачка Викторија Тодоровска која оствари резултат од 12:46.0 минути. Утре повторно ќе има натпревари на 10 километри кај мажите и на 5 километри кај жените. 

Коментирај