Џенифер Лопез ја објави новата колекција долна облека од италијанскиот бренд Intimissmi, споделувајќи ја најновата кампања на која работеше за овој бренд.

Џеј Ло со провокативни фотографии најави нова колекција долна облека од италијанскиот бренд.
„J.Lo Intimissimi наскоро е тука. Едвај чекам да видите што се нуди“, напиша пејачката.
53-годишната Џенифер е глобален бренд амбасадор на оваа италијанска компанија од септември 2022 година.
„Почестени сме и воодушевени што ве гледаме во нашата свила и чипка. Едвај го чекаме објавувањето на кампањата за пролет 2023 година“, велат од компанијата.
Брендот, познат по својата долна облека и пижами, се надева дека ќе го заземе местото што до неодамна го имаше Victoria's Secret во Америка.