Најпознатиот машки модел во светот, Дејвид Ганди, ја претстави својата колекција на шорцеви за капење, Autograph за брендот Marks and Spencer.
Манекенот носи парчиња од својата колекција, за потребите на фотосесијата, снимена во летно опкружување, на плажа, во вода и на јахта.
Колекцијата што ја дизајнираше Ганди за брендот нуди шорцеви во едноставни, класични и мажествени бои и дезени со европски шарм.
Шорцевите за капење наменети за сезоната пролет/лето 2016, се достапни за купување на онлајн продавницата на брендот.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=wVN6r7l3U8g]