Денеска се одлучува за нови рестриктивни мерки, бројката на заразени е над 3.000

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се одлучува дали повторно во земјава ќе биде воведен полициски час или ќе се пристапува поригорозно кон веќе донесените мерки, како носење заштитина маска, држење растојание од два метри и негрупирање, со цел спречување на ширењето на вирусот COVID-19.

По одлуката на Комисијата ќе биде поднесен предлог до Владата, којашто ќе ја донесе конечната одлука.

Откако минатата недела беа регистрирани поголем број заразени со вирусот, Владата донесе одлука сите општини во град Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде беа регистрирани најголем број позитивни случаи на коронавирус, да бидат ставени во целосен карантин од петокот до изутрината до 5:00 часот, додека во останатите градови беше воведен полициски час што започнуваше во 16:00 часот. На територијата на цела земја беше воведен забрана за посета на гробиштата.

Пред почетокот на полицискиот час во Скопје, многу жители од градот заминаа на туристичките места во земјава, каде беа воведени поблаги рестриции. Поради тоа граѓаните упатија бурни реакции на социјалните мрежи во однос на тоа дека таквото постапување може да предизвика нови жаришта на местата на кои речиси и да нема заболени лица.

Во врска со тоа, министерот за здравство Венко Филипче рече дека било очекувано граѓаните за продолжен викенд да заминат во туристичките места, нагласувајќи дека каде и да се задолжително треба да ги почитуваат мерките со цел да не се шири заразата.

Пазарниот инспекторат викендов поднесе 22 кривични пријави за непочитување на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти. Осум кривични пријави се поднесени во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран и по една кривична пријава на Пониква и во Маврово.

– Станува збор за кривични пријави поднесени поради прекршувања на забраната за сместување лица во категоризирани објекти, а само една пријава е за пречекорување на работно време и две кривични за прекршување на Протоколот 8 (повеќе гости на терасите, непочитување растојание или гостите се во внатрешниот дел од објектите), изјави Мери Проја Продановска од Државниот пазарен инспекторат.

По одлука на Владата, на 26 мај целосно беше укинат полицискиот час во земјава. Во тој период беа регистрирани мал број случаи на заболени со коронавирус, како и голем број на оздравени лица. За речиси две недели оттогаш секојдневно се бележат по околу сто нови случаи дневно. Филипче оцени дека сегашната ситуација со епидемијата во земјава, односно со ширењето на заразата, се должи на нецелосното почитување на мерките.

Во моментов во земјава има 3.025 регистрирани и 1.226 активни случаи на заболени со COVID-19, најмногу во Скопје – 658, од кои 152 во Чаир.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе