Џенифер Анистон ќе стане мајка на 52 години

Познатата американска актерка Џенифер Анистон, најпозната по улогата на Рејчел Грин во популарната американска комедија „Friends“, ги воодушеви своите долгогодишни пријатели и колеги со веста дека ќе стане мајка.

Оваа вест е една од ударните вести во светските медиуми. Бројни светски медиуми изјавија дека 52-годишната Анистон по два развода решила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес на посвојување трае веќе една година.

Анистон, инаку, го финансира ова сиропиталиште веќе една година. Финализирањето на посвојувањето се очекува во јуни годинава.

„Судот знае дека актерката не сака да го направи ова голем настан во медиумите и сака ова да биде нејзина лична и интимна одлука, но таа ја сподели добрата вест со своите колеги и пријатели“, вели извор пренесен од сите светски медиуми.

Анистон им ја соопшти веста на колегите и пријатели од серијата „Friends“  на снимањето на специјалната епизода на оваа популарна серија што започна овој месец.

Извор на списанието Closer вели дека Анистон го избрала овој момент да им ја соопшти веста на Лиса Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери бидејќи била една од ретките прилики да се видат сите заедно, поради пандемијата и работните обврски.

„Повеќе од една деценија тие поминаа голем дел од животот заедно, го знаат секој детаљ од нивните животи и си даваа поддршка едни на други во тешките времиња, како проблемите со зачнување на Кортни и разводот на Џен од Бред Пит“, вели изворот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе