КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Денот на независноста - црн ден за фудбалерите

Филип Здравески
/ 08.09.2021 / 13:23

Македонската фудбалска репрезентација вечерва има важен натпревар, но традицијата вели дека на денешниот ден фудбалот баш и не ни лежи.

После двата кикса со Ерменија и Исланд кога Македонија беше подобра, но не победи, а кај Исланд дури и прокоцка водство од 2:0, вечерва Романија мора да падне за да ги задржиме шансите за пласман на тоа второ место кое води во баражот за пласман на Мундијалиот 2022 во Катар. Нов неуспех ќе значи голем чекор назад во борбата за таков успех, но на патот на фидбалерите денеска не стојат само романските играчи, туку и самиот ден.

8 септември 1991 година. Македонија прогласува независност по успешниот референдум на кој огромното мнозинство гласаше за независна Република Македонија и осамостојување од Југославија. Голем празник, особено што денеска е точно 30 години од тој голем настан.

Но, кога ќе ги погледеме досегашните натпревари на македонската фудбалска репрезентација на овој датум, оној весел оптимизам за победа некако паѓа во вода. Македонија никогаш не успеала да извојува победа на својот најголем празник, дури и кога играла против полуаматерска репрезентација како Лихтенштајн.

Прв пат фудбалерите на овој ден истрчале во 1999 година во Скопје против Југославија во квалификациите за пласман на ЕУРО 2000. Уште во 1. минута Саво Милошевиќ ни го честитал празникот, а три минути подоцна Бобан Бабунски со автогол упатил нова честитка. Дејан Станковиќ и Љубинко Друловиќ се погрижиле за бламажа по само 45 минути игра. Во вториот дел Артим Шаќири и Саша Ќириќ се погрижиле поразот да биде поблаг. И од тој натпревар почнува црната празнична серија која никако да запре.

Remote video URL

Наредниот празничен натпревар се одржа во 2002 година кога во рамките на квалификациите за ЕУРО 2004 гостувавме во Вадуц кај Лихтенштајн, кај репрезентацијата која претходно ја имавме победено со 3:0 и со, внимавајте, 11:1! Ѓорѓи Христов уште во 8. минута најави победа и нова голеада, но, од голеадата не излезе ништо, а пропадна и победата кога во 3. минута од судиското надополнување гол за израмнување постигна Михаел Штоклаза. Да не се победи против таков противник и ден денес е срам.

Третиот обид беше и невозможна мисијз. Во квалификациите за пласман на ЕУРО 2008 фудбалерите отпатуваа во Москва кај силната Русија предводена од Хус Хидинк. Василиј Березуцки во 6. минута најави пораз кој пред крајот го потврдија Андреј Аршавин и Александр Кержаков.

Remote video URL

Уште потешка задача добивме во 2014 година кога квалификациите за ЕУРО 2016 ги отворивме со гостување во Валенсија кај актуелниот европски шампион Шпанија. Серхио Рамос од пенал во 16. минута донесе водство, само минута подоцна Пако Алкасер зголеми на 2:0, а во 28. минута некаква надеж врати Агим Ибрами кој реализираше пенал против Икер Касиљас. Потоа, во надополнувањето од првиот дел Серхио Бускетс зголеми на 3:1, а после паузата Давид Силва и Педро Родригес се погрижија за висок пораз од 5:1.

Remote video URL

И реваншот со Шпанците во истите квалификации го игравме на Денот на независноста. Несмасен автогол на голманот Томе Пачовски во 8. минута се покажа решавачки.

Remote video URL

Последен пат на денешен ден фудбалерите играа лани и тоа против Грузија во рамките на Лигата на нации. Во 13. минута Торнике Окриашвили од белата точка го отвори резултатот, а израмни Стефан Ристовски во 33. минута.

Remote video URL

Така, од 6 одиграни натпревари на овој голем празник, фудбалерите имаат 0 победи, 2 нерешени и дури 4 порази. Традицијата дефинитивно вечерва не е на наша страна, но нели традицијата постои за да биде срушена и прекината?

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе