Десетте најмали држави во светот

Иако не се големи, некои од овие земји се познати по своето богатство, развојот, бројните туристички атракции, маѓепсувачката природа...

Вкупната површина на петте најмали држави на планетава изнесува 110,62 километри квадратни, а доколку сите нивни жители би се нашле на едно место би имало 86.930 луѓе. Само во Пекинг живеат над 21,5 милиони луѓе, и тоа на површина од 16.410,54 километри квадратни.

10. Гренада (344 км²)

Во оваа островска држава на југоистокот од Карпското Море уште се чувствува силно влијание на француската култура и традиција, што не треба да ве чуди доколку земете предвид дека била француска колонија од 1649 до 1763 година. Гренада е многу популарна дестинација, а таму ќе најдете многу примери на преубава архитектура и уметност воопшто.

9. Малта (316 км²)

Република Малта ја сочинуваат островите Гозо, Комино и Малта, а на нив живеат вкупно 450 илјади жители, што ја прави оваа земја една од најгусто населените во светот. Покрај тоа, таа е многу популарна кај туристите поради преубавите плажи, богатата историја, културата, атмосферата...

8. Малдиви (300 км²)

Една од најпопуларните дестинации во Индискиот Океан е најмалата држава во Азија, и според површина и по број на жители (не сметајќи ги Хонгконг и Макао кои не се независни држави). Малдивите биле португалска колонија, но и холандска и британска, а независна држава се од 1965 година.

7. Свети Кристофер и Невис (261 км²)

Овие два острова биле меѓу првите кои Европејците ги населиле по доаѓањето во Новиот свет. Поголемиот остров бил именуван од Кристофер Колумбо во 1493 година по својот светец заштитник, Свети Кристофер, а помалиот бил именуван Невис (шпански збор за снег). За време на XVII и XVIII век наизменично паѓале под британска и француска власт, а целосна независност стекнале во 1983 година. Познати се како големи извозници на шеќер и по богатата туристичка понуда.

6. Лихтенштајн (160 км²)

Единствената држава чијашто цела површина лежи на Алпите се наоѓа помеѓу Швајцарија и Австрија. Често се наоѓа на листите со најбогати земји во светот, односно според БДП по глава на жител.

5. Сан Марино (61 км²)

Дали знаевте дека официјалното име на оваа држава е Најспокојна Република Сан Марино? Се наоѓа на источната страна од Апенините и е во потполност опкружена со територијата на Италија. Основана е во 301 година, но тогаш била дел од Римското Царство, а нејзиниот устав е напишан во 1600 година. Оваа држава прв пат била признаена од Франција под Наполеон Бонапарта, а на почетокот на XIX во Виена ја признале и останатите држави на Стариот континент.

4. Тувалу (26 км²)

Островска држава во Тихиот Океан којашто се наоѓа јужно од Кирибати и северно од Фиџи, а е независна од 1978 година. Иако е преубава, не заработува многу од туризам поради непристапноста (во 2010 година земјата ја посетиле помалку од 2 илајди странци, а 65% од нив дошле работно). Неодамна беше објавено дека честите поплави се закана за опстанокот на Тувалу.

3. Науру (21 км²)

Источно од Австралија, во Микронезија, се наоѓа најмалата островска држава во светот, а најинтересното во врска со неа е тоа што официјално нема главен град. На островот живеат 12 племиња, поради што на државното знаме има ѕвезда со 12 краци. Овој остров бил откриен во 1798 година, кога бил наречен Пријатен Остров. Инаку, станува збор за место со многу карпи фосфат, па Науру долго профитирал од експлоатацијата на фосфат. Меѓутоа, резервите се веќе исцрпени...

2. Монако (2 км²)

Земјата со најголем број на милионери и милијардери по глава на жител е позната по коцкарниците и луксузот. Во Монако живеат нешто помалку од 36 илјади луѓе, што ја прави најгусто населената земја во светот. Најпопуларниот настан во оваа држава е познатата трка во Формула 1.

1. Ватикан (0,44 км²)

Не е изненадување која држава е на врвот на оваа листа - тоа веројатно сите го знаевте. Ватикан, најпознатата и најмала град-држава во светот се наоѓа во центарот на Рим и е седиште на поглаварот на Католичката црква. Како држава е основан во 1929 година со Латеранскиот договор, како остаток од Папската Држава. Денес е дом на само 836 жители, но е магнет за туристи.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе