Девет совети за подобри фотографии со смартфон

Фотографирањето е забавно и за среќа, не мора да имате скап фотоапарат за да правите солидни фотки, што потоа би ги споделиле на социјалните мрежи како Instagram. Подолу прочитајте неколку совети за подобри фотки што сигурно ќе ви се најдат ако сакате да фоткате.

1. Фотографирајте за време на „златниот час“

 

 

A photo posted by Meri Shesho (@merishesho) on

 

„Златниот час“ се нарекува периодот пред изгрејсонце и пред зајдисонце. Во овој период во надворешна околина може да направите прекрасни фотографии, на кои нема да им треба никаков филтер.

2. Слабата природна светлина е секогаш најдобра за фотографирање

 

 

Фотките направени на суптилна природна светлина секогаш изгледаат најдобро. Иако може да ја осветлите фотката доколку е темна, сепак нема да го добиете истиот резултат, а пропратно ќе ги изгубите деталите и квалитетот на фотката. Запаметете да избегнувте силна сончева светлина на предметот што го фотографирате.

3. Наместо блиц од камерата, искористете посебен извор на светлина

Фотографирањето со блиц од смарфтон секогаш дава лоши резултати. Доколку ви треба светлина на она што го фотографирате, употребете посебен извор на светлина насочен кон предметот. На пример блиц од друг мобилен телефон доволно оддалечен или пак рачна светилка. Резултатот ќе биде по „уметнички“ и многу подобар отколку со класичен блиц.

4. Употребете го блицот за интересни ефекти

 

 

A photo posted by @ivanamiloskovska on

 

Oдличен начин за фотографирање на пијалак во ноќен клуб или бар или едноставно, било кое темно место, е со употреба на блиц од друг смартфон. Позиционирајте го телефонот под стаклената маса под пијалакот или пак ставете ја чашката директно на телефонот - резултатот ќе биде повеќе од задоволителен. 

4. Симетријата е секогаш добра идеја

 

 

A photo posted by Dimi (@dmee82) on

 

Човечкото око сака симетрија, затоа фотките на кои гледаме симетрија се секогаш добра идеја. Светот околку нас е исполнет со симентрични елементи, на вас останува да го одберете најинтересниот и да го документирате.

5. Одберете интересна позадина

 

 

A photo posted by Monica Bauer (@monikapotter) on

 

Кога фотографирање на пример храна гледајте она што е во чинијата да не е слично како позадината, односно масата. Напротив, искористете шарено чаршавче или славетка за да додадете боја и живост на фотографијата.

6. Пробајте ги апликациите VSCO Cam, Lightroom, FaceTune и Prisma

VSCO Cam, Lightroom и FaceTune се одлични апликации за ретуширање и средување на фотките, а Prisma е забавна апликација која ги претвора вашите фотографии во вистинска уметност.

7. Центар на фокус

 

 

A photo posted by @ivanamiloskovska on

 

Уште едно визуелно задоволство за човековото око е фотка во која што објектот е во центар или има една фокусна точка. 

8. Забавувајте се со кратки видеа

 

 

A video posted by Marjan Lazarevski (@mlazarevski) on

 

Пробајте го Boomerang или опциите за тајмлапс и slow mo видео, за кратки видеа од неколку секунди што се одлични да објавување на Instagram.

9. Погледнете нагоре

 

 

A photo posted by Frosina Ilievska (@frosmk) on

 

Можеби секојдневно се движите на речиси истите места и релации низ вашиот град, и најверојатно сметате дека нема ништо ново и интересно да фотографирате. Но ако погледнете нагоре. на овие секојдневни места ќе откриете несекојдневна перспектива што ќе резултира со исклучителни фотографии.

реклама

Фото

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Read more

Фотографијата со заспаната поларна мечка ја доби наградата за најдобра на годината

Read more

Презентирана акционата камера Insta360 GO 3, чини од 430 евра

Read more

Нова ера во развојот на фотосензори за смартфони

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе