Димитров: Ќе направиме сѐ што можеме да дојдеме до достоинствен излез од спорот со Софија

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вели дека јасна е пораката на заменикот помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар дека приоритет на САД за Балканот е интеграција на Албанија и Северна Македонија во ЕУ.

Димитров во интервју за „Утрински брифинг“ посочува дека Американците се важен фактор и во регионот, но и се главен партнер на Европа во контекст на НАТО и се разбира дека Вашингтон има влијание.

– Регионот е прилично разнишан. Ескобар вели дека кај нас се прекршува инструментот на проширувањето – дали е тој реален или не е реален, кажа Димитров.

Тој воедно додава оти Ескобар при разговорите истакнал дека Северна Македонија е кредибилен партнер и дека САД можат да помогнат.

– Мислам дека мораме да учиме од искуството, оти ние немаме кабает за тоа што не сме почнале преговори. Мораме да ја штитиме нацијата и да не шириме лажна надеж. Ескобар вели дека сега влогот станува преголем. Ако нема преговори за интеграција, пораката е џабе решавате проблеми и тоа е многу сериозно за регионот, појаснува Димитров.

Тој посочува дека се чека формирањето на новата бугарска влада за да можат да продолжат разговорите. Во однос на тоа дека Министерството за надворешни работи на Бугарија ќе го добие популистот Слави Трифонов кој има ригидни ставови кон земјава, вицепремиерот смета дека не треба да се зборува пред време.

– Неблагодарно е да се зборува пред рака, треба да се разговара со новиот министер. Она што е добра вест доаѓа од Скопје, ние имаме усогласеност со опозицијата дека преговорите со ЕУ треба да започнат, вели Димитров.

Тој потенцира дека и по заминувањето од премиерската функција на Заев, кој остави силен печат врз целата иницијатива за решавање на спорот со Бугарија, курсот на земјата ќе остане ист.

– Курсот ќе остане. Секој политичар си носи свои политики, со Заев ја искачивме големата планина со Преспанскиот договор. Како земја сме пред раскрсница, ќе направиме сѐ што можеме да дојдеме до достоинствен излез од оваа мака што има потенцијал да ја смени атмосферата во целиот регион, но за жал, не исклучувам и негативно решение, вели Димитров.

За изјавите кои доаѓаат од албанска страна за можноста за одвојување на двете земји за почеток на преговорите со ЕУ, Димитров смета дека тоа не е можно во моментов, оти, вели, ние ја чекавме Албанија кога таа беше заглавена во холандскиот Парламент, а странските партнери не се расположени да поддржат раздвојување.

Remote video URL
реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Read more

Македонија

Дел од Карпош денеска без вода

Read more

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Read more

Се зголемува цената на дизелот

Read more

Директор на комунално претпријатие обвинет за проневера во службата

Read more
 

Вести

Дел од Карпош денеска без вода

Читај повеќе

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Читај повеќе

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Читај повеќе

ОЈО со обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс, го влечеле со жица и го тепале до смрт

Читај повеќе

Се зголемува цената на дизелот

Читај повеќе

Хамас се согласил на истиот договор како оној во мај 2023, пресудила една реченица

Читај повеќе

Три лица од Скопје искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Бајден сака да му зададе проштален удар на Трамп: Бара укинување на претседателскиот имунитет

Читај повеќе

Кој сѐ е поканет на инаугурацијата на Трамп?

Читај повеќе