Дизајнирана маска што покажува дали сте заразени со коронавирус

Инженерите од МИТ и Универзитетот Харвард развија заштитна маска со која може да се утврди во рок од 90 минути дали лицето што ја носи е заразено со коронавирус, објави Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ).

Маските имаат вградени сензори за еднократна употреба, кои можат да бидат вградени во други маски за лице, и можат да бидат прилагодени за откривање на други вируси.

Тие се наоѓаат во внатрешноста на маската и можат да детектираат вирусни честички во здивот и се дизајнирани така што корисникот може да ги активира кога е подготвен да го изврши тестот.

За да се заштити приватноста на корисникот, резултатите се прикажуваат само на внатрешната страна на маската.

Развојот на сензори како оние што се користат во новата маска започна пред неколку години. Претходно беа користени за откривање на инфекции со вирусите ебола и зика.

„Овој тест е исто толку чувствителен како и високо чувствителниот PCR-тест, но исто така е брз како тестовите за антиген што се користат за брза анализа на COVID-19“, рече истражувачот на Универзитетот Харвард, Питер Нгуен.

Истражувачите аплицирале за патент за новата технологија и се надеваат дека ќе соработуваат со компаниите за понатамошен развој на сензорот.

„Се надеваме дека оваа платформа може да поттикне нова генерација на носни биосензори за служби за итни случаи, здравство и воен персонал“, рече Џејмс Колинс, професор по медицинско инженерство и наука на МИТ.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе