Доаѓа римејкот на The Witcher, се враќаме таму каде што започна сè

Полското студио соопшти дека работи на римејк на првата игра од трилогијата The Witcher од 2007 година.

Франшизата The Witcher се враќа на своите корени. CD Projekt Red објави дека една од новите игри, покрај новата трилогија, ќе биде и римејк на првата игра од 2007 година. Со кодно име Canis Majoris, римејкот на The Witcher се развива со помош на Unreal Engine 5.

„The Witcher е местото каде што сè започна за нас, за CD Projekt Red “, вели во соопштението Адам Бадовски, раководител на студиото. „Тоа беше првата игра што ја направивме и тоа беше огромен момент за нас. Да се ​​вратиме на тоа место и да ја направиме играта повторно сега изгледа како голема работа, ако не и поголема“.

Римејкот на The Witcher ќе биде развиен од студиото Fool's Theory со помош на ветерани кои работеа на оригиналната игра и под надзор на студиото CD Projekt Red.

Canis Majoris беше спомнат во плановите на студиото за идните игри на почетокот на месецот, кога CD Projekt Red објави дека работи на проширување за Cyberpunk 2077, како и продолжение, но и нова трилогија од игрите The Witcher. Дополнително, девелоперот објави и дека работи на сосема нова игра, за која освен кодното име Project Hadar, не се знае ништо.

Франшизата The Witcher постои од 2007 година и оттогаш се здоби со голема популарност меѓу гејмерите, иако третото издание на играта - Wild Hunt - е насловот каде повеќето гејмери ​​првпат се сретнаа со Гералт. Токму затоа не се сомневаме дека многумина ќе се израдуваат со веста за римејкот, бидејќи наскоро ќе може да видат како започнала авантурата на популарниот лик.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе