Португалскиот тренер Жозе Мурињо синоќа беше срдечно пречекан на стадионот „Џузепе Меаца“ каде ја предводеше својата Рома на гостувањето кај Интер во четвртфиналето од Купот на Италија.
Овој натпревар беше прво враќање на Мурињо кај Интер по повеќе од една деценија отсуство, а Португалецот сè уште со задоволство го паметат навивачите на „Нероаѕурите“ бидејќи ја освои единствената тројна круна во историјата на италијанскиот фудбал таму во сезоната 2009/10.
Трибината Курва Норд го поздрави Мурињо со транспаренти на кои му посакаа добредојде „дома“.
„Начинот на кој бев пречекан, начинот на кој г. Џанг, г. Марота, Хавиер Занети ми дадоа прекрасен подарок, луѓето кои беа одлични, тоа е на емоционално ниво. Можам само да им се заблагодарам и никогаш да не кријам дека мојата врска е со Интер е вечна. Нема да го кријам тоа“, изјави Мурињо за Sport Mediaset по поразот од 2:0.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид освои две титули во Серија А, Лигата на шампионите и Купот на Италија пред да ја напушти Италија и да им се приклучи на „Кралевите“. Интер баш минатата сезона ја освои својата прва титула по заминувањето на Мурињо.