Докажано: Чекори што помагаат да се ослободите од масните наслаги

А.С.
/ 01.06.2022 / 13:59

Многумина сè уште веруваат во митот дека е можно насочено губење на тежината, но тоа навистина не е точно. Ако се прашувате како да ги намалите мастите од стомакот, треба да знаете дека не можете да ги намалите телесните масти на само еден дел од вашето тело.

„Може да се здебелите во различни зони на телото, а кога ќе почнете да губите тежина, ќе ги изгубите складираните маснотии од целото тело. Не можете да го присилите телото да ги повлече мастите само од одредени области“, вели диететичарот Алберт Матени.

Иако не треба да чувствувате притисок да изгубите тежина, важно е да се истакне дека салото на стомакот не е добро за целокупното здравје. Се поврзува со зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

„Ако вежбате и јадете помалку калории, ќе изгубите тежина“, додава Матени.

Според Матени, технички би можеле да го изгубите салото од стомакот без вежбање, под услов да согорите повеќе калории отколку што консумирате. Но, редовното вежбање е добро за целокупното здравје, така што треба да го направите дел од вашата дневна рутина без разлика дали се обидувате да изгубите тежина или не.

Генерално, експертите велат дека овие промени можат да ви помогнат да се ослободите од салото од стомакот и другите делови од телото.

1. Менаџирајте го стресот

За жал, докажано е дека високото ниво на хормонот на стрес кортизол го стимулира акумулацијата на масното ткиво во средниот дел од телото. Преземете чекори за да го елиминирате или барем да го намалите стресот во вашиот живот. Размислете за медитација и јога или посетете професионалец за ментално здравје за совет како подобро да управувате со стресот.

2. Намалете со алкохол

Алкохолот содржи калории кои често не ги земаме предвид. Исто така, алкохолот може да ги зголеми шансите да посегнете по помалку здрава храна.

3. Прескокнете ги соковите

Соковите исто така не се ваш пријател ако се обидувате да изгубите тежина. Сокот во организмот се претвора во шеќер.

4. Дајте предност на спиењето

Една анализа од 2016 година, објавена во European Journal of Clinical Nutrition, анализирала податоци од 11 студии и открила дека луѓето кои спиеле 5,5 часа или помалку во текот на ноќта трошеле 385 калории помалку од оние кои спиеле седум до 12 часа. Луѓето кои спијат помалку од препорачаните седум или повеќе часа навечер, исто така почесто јадат нездрава храна.

5. Внимавајте на внесот на калории

Околу 3.500 калории се еднакви на половина килограм масти, така што ќе сакате да го намалите внесот на калории што го јадете за да се ослободите од маснотиите. Покрај тоа, треба да внимавате да имате калориски дефицит или да согорите повеќе калории отколку што јадете.

6. Јадете повеќе растителни влакна

Влакната ви помагаат да се заситите и да го одржувате варењето редовно, а со тоа ви помагаат да ги изгубите несаканите килограми. Храната како леќа, бобинки, авокадо и чиа семе се одлични извори на растителни влакна, па додадете ги во вашите оброци и закуски.

7. Правете повеќе чекори дневно

И Џесика Симпсон и Ребел Вилсон изгубија тежина со зголемување на бројот на чекори дневно. Истражувањето исто така покажа дека повеќе одење всушност може да помогне во намалување на маснотите наслаги.

8. Внимавајте на внесот на шеќер

Шеќерот не е добар за целокупното здравје, па ни за телесната тежина. Исфрлете ги од исхраната слатките и газираните пијалоци за да ја постигнете целта.

9. Избегнувајте преработена храна

Чипсот, слатките и колачите можат брзо да додадат калории во вашата исхрана. Тие исто така можат да го зголемат нивото на воспаление во телото, што го зголемува ризикот од развој на телесните масти. Изберете свежа, целосна храна секогаш кога можете.

10. Прескокнете ги едноставните јаглехидрати

Работите како белиот леб и тестенините можат да предизвикаат ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта. Како резултат на тоа, ќе бидете погладни, а потоа ќе јадете повеќе од вообичаено. Фокусирајте се на сложените јаглехидрати, како што е лебот од цели зрна.

11. Вежбајте

Интервалните тренинзи како HIIT ви помагаат да го забрзате пулсот и да согорите повеќе калории. Плус, работете на сила бидејќи, како што објаснува Матени, „колку повеќе мускули имате, толку повеќе дополнителни калории можете да согорите“.

12. Јадете повеќе протеини и здрави масти

Протеините помагаат да се заситите. Додадете посно месо во вашата исхрана, како пилешко на скара и риба, за да го зголемите внесот на протеини. И не заборавајте на здравите масти, како што се јаткастите плодови и авокадото.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фит

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more
 

Магазин

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе