Џон Вол среде подкаст откри: Си ставив пиштол на глава, сакав да се самоубијам

Џон Вол призна дека дури двапати си ставал пиштол на глава и размислувал да си го одземе животот...

Џон Вол влезе во НБА како прв пик на драфтот во 2010 година, играше за Вашингтон Визардс, Хјустон Рокитс, Лос Анџелес Клиперс, пет пати учествуваше на Ол-стар натпреварот, а во кариерата заработи околу 276 милиони долари. Звучи како совршен живот, уживање во луксуз и сета магија на кошарката. Зад сето тоа се крие темна страна.

Американскиот плејмејкер пред камерите во подкастот „The OGs“ откри дека дури двапати се обидел да се самоубие... „Знам како е, менталното здравје е сериозна работа, морав после тоа да одам на терапија. Да не беше за моите два сина, ќе се убиев, двапати го ставив пиштолот на глава. Луѓето кои ми се блиски, моите пријатели, не знаеја. Имав едно видео каде се преправав дека сум гангстер, ги направив тие потези, тогаш бев во најтемниот момент“, раскажа Вол.

Ководителот Мајк Милер, инаку поранешен НБА играч, шокиран од неговите зборови побара од него повторно да го разјасни сето тоа. „Се обидов да најдам среќа. Двапати ставив пиштол на глава и потоа помислив. Ако се тргнам од планетата Земја, тогаш кој ќе ги воспитува моите деца? Ќе ги изневерам. Знам дека морам да бидам тука за нив“, додаде тој.

Remote video URL

Последниот клуб во кој играше Вол беше Хјустон Рокитс откако беше трејдуван таму од Клиперс во февруари минатата година, но Рокитс го отпуштија по неколку дена, па не го запиша второто деби во Тексас. Оттогаш е без клуб, се споменуваше дека може да дојде во Евролигата, но тоа не се случи.

За 33-годишниот Вол има гласини дека може му се придружи на Мајами Хит.

Тагови
реклама

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Кошарка

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Read more

Минесота го победи Њу Орлеанс во меч со 291 поен, рекорд сезонава

Read more

Јокиќ е најдобар во една работа во последниот половина век во НБА

Read more

Лука Дончиќ игра како никогаш досега во животот

Read more
 

Спорт

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ потврди: Фудбалерите ќе играат во нови дресови на Adidas

Читај повеќе