Дона од Baywatch ја откри тајната како на 54 години изгледа прекрасно

Дона Д'Ерико многумина ја паметат по улогата во серијата „Baywatch“, а неколку децении по нејзиното емитување, актерката изгледа како да не остарела ниту ден.

Со оглед на тоа што нејзиниот изглед привлекува внимание дури и во шестата деценија од животот, Д'Ерико во интервју за Fox News истакна дека исхраната базирана на растенија е тајната на нејзиниот младешки изглед.

„Искусив многубројни придобивки, како почиста кожа, подобро варење, подобар сон, но тоа не е причината зошто го правам тоа. Го правам тоа заради животните“, и нагласи дека најмногу јаде овошје и зеленчук.

„Сакам да имам залихи од зеленчук, овошје, јаткасти плодови и авокадо“, објасни таа.

Откри и дека сака редовно да јаде во текот на денот наместо да консумира три обилни оброци и дека со овој начин на исхрана се чувствува подобро.

Кога станува збор за нега на кожата, изјави дека користењето крем со заштитен фактор е нејзиниот избор.

„Претходно користев масло за бебиња и се сончав за да потемнам. Престанав да го правам тоа. Цело време имам крема за сончање, без разлика на сезоната. Ако ми се присака малку овеќе боја, употребувам средство за самопотемнување или хидратантен крем во боја. Сакам да се грижам за мојата кожа најдобро што можам и првото нешто што можам да направам е да се сокријам од сонцето“, рече таа.

Актерката неодамна беше критикувана затоа што се снимала во бикини велејќи дека е премногу стара, но Д'Ерико одговори дека ќе прави што сака.

Инаку, таа глумеше во серијата „Baywatch“ од 1996 до 1998 година. Позираше за насловната страница на магазинот Playboy во 1995 година. Беше и водителка на шоуто „Battlebots“. Некои од филмовите во кои имаше улоги се „Intervention“, „Inconceivable“ и „The Making of Plus One“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе