Дона Д'Ерико, која се прослави со улогата во култната серија „Baywatch“, повторно ги воодушеви своите следбеници со својот изглед во шестата деценија.

Имено, Дона на својот Instagram профил објави фотографија во бикини и доби голем број комплименти.
„Твојата убавина го одзема здивот“, напиша еден корисник на споменатата социјална мрежа.
„Ја обожавам оваа фотографија“, додаде друг.
На 30-ти месецов таа ќе го прослави својот 55-ти роденден.
Претходно Дона откри дека имала операција за отстранување на вишокот масни наслаги од стомакот и рацете. Не ѝ се допаѓа кога некои следбеници ја критикуваат и велат дека нејзиниот добар изглед е целосно поради операциите.
„Ми пишуваат: 'Твоето тело е создадено во операционата сала'. Дозволете ми да ви кажам нешто. Тоа едноставно не е точно. Нема пари што можат да го направат тоа. Секој ден тренирам напорно во теретана“, рече таа.
Во интервју за Fox News истакна дека исхраната базирана на растенија е исто така една од тајните на нејзиниот младешки изглед.
Инаку, Ерика беше дел од „Baywatch“ од 1996 до 1998 годинба. Позираше за насловната страница на магазинот Playboy во 1995 година.
Беше водителка на шоуто „Battlebots“. Некои од филмовите во кои имаше улога се: „Intervention“, „Inconceivable“, „The Making of Plus One“.