НБА 2022/2023

Дончиќ го предводеше Далас до победа, Милвоки го повтори најдобриот старт

Ноќеска во НБА се одиграа 10 натпревари од кои вреди да се издвојат победите на Далас, Милвоки и Торонто.

Далас Маверикс ја совлада Јута Џез со 103:100, а најзаслужен за победата беше, нормално, Лука Дончиќ. Словенецот натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 31 поен, 5 скока и 11 асистенции, додека на спротивната страна најдобар беше Џордан Кларксон со 22 поена и 8 асистенции.

Remote video URL

Милвоки Бакс го победи Детроит Пистонс со 116:91 со што овој клуб го повтори најдобриот старт во клупската историја, со 7 победи во исто толку натпревари. Јанис Адетокунбо постигна 32 поена, 12 скока и 4 асистенции.

Доколку задутре слават на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс, Бакс ќе испишат нова клупска историја за најдобар старт во НБА.

Remote video URL

Канадскиот тим од Торонто ги преслуша Спарс на гости во Сан Антонио победувајќи со неверојатни 43 поени разлика. Иако првата четвртина беше и тоа како израмнета завршувајќи 31:32 за гостите од Северот, потоа домашните како да застанаа, а Репторс само го полнеа кошот.

Камерунецот Паскал Сјакам запиша трипл-дабл со 22 поена, 10 скока и 11 асистенции, а најефикасен на паркетот бепше неговиот соиграч од Торонто, Гери Трент со 24 поени.

Remote video URL

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Бостон Селтикс 114:113 прод.
Мајами Хит - Сакраменто Кингс 110:107
Њујорк Никс - Атланта Хокс 99:112
Чикаго Булс - Шарлот Хорнетс 106:88
Хјустон Рокитс - Лос Анџелес Клиперс 101:109
Милвоки Бакс - Детроит Пистонс 116:91
Сан Антонио Спарс - Торонто Репторс 100:143
Далас Маверикс - Јута Џез 103:100
Портланд Треил Блејзерс - Мемфис Гризлис 106:111
Лос Анџелес Лејкерс - Њу Орлеанс Пеликанс 120:117
прод.

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе