Досега необјавени фотографии од Ријана на изложба во Милано

Новата изложба на италијанскиот фотограф Паоло Роверси доаѓа со изненадување за сите фанови на Ријана. Фотографиите кои досега беа необјавени може да се видат врамени во галеријата Palazzo Reale во Милано.

Фотографиите биле направени додека пејачката работела на нејзиниот албум „Anti“.

Ријана се запознала со Роверси во 2014 година, кога тој ја фотографирал пејачката за насловната страница на i-D магазинот. Роверси го користел истиот 8х10 формат на камера со кој работи веќе 20 години, а токму во неговата работилница во Париз, за време на фото-сесијата, започнало нивното пријателство.

 

#rhianna #paoloroversi #vogue

A post shared by Elisa_Rodolfi (@elisa_rodolfi) on

„Таа е фантастична, вистински уметник. Работевме во моето студио два дена. Нејзиното присуство е неверојатно: начинот на кој се движи, самодовербата, контролата над телото, енергијата, сензуалноста. Таа е целосно свесна за моќта на нејзината убавина. Таа е уметник, на истиот начин на кој добрите модели се уметници, не е само уште едно убаво лице“, изјави Паоло Роверси во интервју за Vogue.

Паоло Роверси стана познат по работата со супермодели како Наоми Кембел и Кејт Мос.

„За мене, модната фотографија е секогаш портрет. Всушност, таа е двоен портрет на жената и на облеката. Тоа е вистинската дефиниција: Двоен портрет“, рече Роверси неодамна.

 

Roversi Riri #paoloroversi #rihanna #women #bw #art #photography #picture #aim #dark #soul #interiors #italy

A post shared by SaRiva (@sarahester_riva) on

Работејќи со Ријана, тој ги правеше фото-сесиите за нејзиниот албум „Anti“, креирајќи фантастични парчиња уметност за нејзините хитови „Bitch Better Have My Money“, „Kiss Me Better“ и „Needed Me“.

Фотографиите на Паоло Роверси на кои позира Ријана се дел од изложбата на Vogue и ќе бидат изложени во галеријата Palazzo Reale до 17 декември.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе